Home Рецепти Лепчиња со сирење…Идеални за појадок или вечера, меки, миризливи и вкусни…

Лепчиња со сирење…Идеални за појадок или вечера, меки, миризливи и вкусни…

Лепчиња со сирење…Идеални за појадок или вечера, меки, миризливи и вкусни…Многу се вкусни, меки се како душа, нема да зажалите ако ги направите. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 

1 свеж квасец,
½ лажичка шеќер,
200 мл млако млеко,
600 г меко брашно,
80 мл масло,
1 лажичка сол,
1 јајце,
1 жолчка и
200 мл јогурт

За фил:
250 г свежо кравјо сирење,
80 г рендан кашкавал,
сол, црн пипер, сув зачин (вегета),
1 лажица сечкан власец,
1 јајце.
За премачкување: 1 јајце и 1 лажица сусам

Постапка: 

Квасецот изронете го, додајте шеќер, малку топло млеко, убаво размешајте да се раствори и оставете го на топло да се активира, околу 10-тина минути. Во брашното сипете ја солта.

Во средината на брашното направете вдлабнување како бунарче, па тука сипете го активираниот квасец, маслото и разматеното јајце со жолчката, преостанатото млеко и јогуртот на собна температура.

Замесете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете. Кога ќе стане компактно, оставете го на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот.

<

Сирењето измешајте го со ренданиот кашкавал. Зачинете по вкус со сол, црн пипер, власец, вегета, јајце и добро промешајте.

Тестото поделете го на мали топчиња, секое топче на дланката малку сплескајте го, ставете 1-2 лажички фил, а потоа повторно формирајте топче и ставете го на намастен плех.

БРЗИ ПОГАЧИЦИ СО ПЧЕНКАРНО БРАШНО, МЕКИ КАКО ПАМУК: Без квасец, за 10 минути се готови

Премачкајте ги со разматено јајце, посипете ги одозгора со сусам и оставете ги на топло место да ферментираат уште 15 минути. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.