Home Вести Големо меѓународно признание за Македонија: официјален НАСА портрет на Мартина Димоска

Големо меѓународно признание за Македонија: официјален НАСА портрет на Мартина Димоска

Македонката Мартина Димоска, која потекнува од Кичево, продолжува да испишува значајни страници во светската вселенска наука.

Таа неодамна го објави својот прв официјален портрет од Директоратот за летни операции на НАСА, снимен во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.

Во оваа институција Мартина работи како Program Human Systems Discipline Integrator, поддржувајќи го НАСА преку „Leidos“ во рамките на Human Health and Performance (HHP) и програмата Extravehicular Activity and Human Surface Mobility (EHP).

Во нејзината професионална улога обезбедува интеграција на критични барања за здравје, безбедност, перформанси и човеково-системски стандарди за астронаутите низ сите сегменти на програмата „Артемис“ и пошироката Moon-to-Mars архитектура.

Работата опфаќа развој на истражувачки скафандери (xEVAS), Лунарното теренско возило (LTV), Ровер со одржуван притисок (PR), инфраструктурата на лунарната површина, капацитетите за идната Месечева база, како и техничко управување, проверка на барања и меѓупрограмска координација.

Овој професионален напредок следи по неодамнешното признание во татковината, каде што Мартина беше прогласена за „Пионер во идни технологии“ на престижната манифестација за жени во технологијата под покровителство на Претседателот. Патот од Кичево до центарот на најмоќната вселенска агенција во светот претставува инспирација за многу млади луѓе на Балканот.

<

Мартина Димоска поседува обемно и напредно вселенско образование, со статус на прв магистер по вселенски студии во Македонија.

Академската основа е изградена преку студии на International Space University (ISU) во Стразбур, Франција (Master of Space Studies), Florida Institute of Technology (Graduate Degree in Commercial Space Studies) стипендирана од Aldrin Family Foundation основана од Buzz Aldrin а предводена од неговиот син Andrew Aldrin, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (B.Sc. Инженер по материјали и нанотехнологии) и Kent State University во Охајо (аеронаутичко инженерство – студиска размена финансирана преку U.S. Department of State).

Покрај напредното образование, Мартина е препознаена како првата жена – Аналоген Астронаут од Балканот, со значајно учество во меѓународни аналогни мисии за симулација на лунарни и марсовски средини.

Како командант ги водеше мисиите SELENE и TERRA NOVA на истражувачката станица LunAres во Полска, каде TERRA NOVA беше дел од проектот AstroMentalHealth – експеримент кој беше имлементиран и на Меѓународната вселенска станица.

Димоска учествуваше и во 14‑тата мисија на University of North Dakota во NASA‑поддржаното ILMAH живеалиште, во рамки на која екипата тестираше екстравоздухопловни активности, изведуваше студии за физички перформанси во соработка со

Канадската вселенска агенција и NASA, како и експерименти со дронови и растителни модули.

Во 2023 година Мартина беше дел од APICES аналогната мисија во Шпанија, организирана од ICEE Space во соработка со Astroland Interplanetary Agency.

Мартина служеше како Crew Engineer и Outreach Lead во меѓународен тим предводен од ESA Астронаутот Алеш Свобода.

Тимот работеше на роботика, дополнета реалност и напредни технологии за идни лунарни и марсовски живеалишта.

Нејзината аналогна работа продолжи со учество во 14-тата мисија на University of North Dakota во NASA-финансираниот ILMAH хабитат, каде екипата спроведуваше истражувања поврзани со човечки вселенски лет, тестирање на скафандери, студии за физички активности во партнерство со Канадската вселенска агенција и NASA, експерименти со дронови и растителни модули.

Во 2023 година Мартина беше дел од APICES аналогната мисија во Шпанија, организирана од ICEE Space и Astroland.

Мисијата симулираше лунарни и марсовски средини согласно ESA Terrae Novae 2030+ стратегијата, а Мартина служеше како Crew Engineer и Outreach Lead во меѓународен тим кој работеше на роботика, дополнета реалност и технологии за идни лунарни и марсовски хабитати.

Покрај професионалната работа, Мартина е препознаена и како популарна научна комуникаторка, активна преку својот алијас @astrosmarta, како и под своето име на различни социјални мрежи, каде што континуирано споделува пристапни и инспиративни содржини поврзани со вселената и човечките вселенски летови.

Овој редок спој на напредни вселенски студии и практична аналогна астронаутска експертиза ја истакнува Мартина како уникатна личност во европската и глобалната вселенска заедница со кој што Македонија навистина треба да се гордее.