Ова се турски погачици со пченкарно брашно и малку јогурт или кисела павлака. Се приготвуваат без квасец, па за нивна подготовка нема да потрошите повеќе од 10-15 минути, што ги прави идеални за ненадејни гости.




Инаку, во Турција се приготвуваат за посебни денови кога се собираат жените по некој повод, па секоја жена по нешто приготвува и носи на настанот. Овие погачици може да ги филувате со сирење или нешто по ваш вкус, а може да ги обликувате и на повеќе начини. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со помала чаша од 125 мл): 150 г путер, 1 чаша масло (125 мл), 2 јајца, 1 мала лажичка сол, 2 супени лажици цврст јогурт или кисела павлака, 1,5 чаша пченкарно брашно, 3-3,5 чаши бело пченично брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), малку свеж копар и сирење. За премачкување: 1 жолчка




ПОСТАПКА: Путерот исечкјате го на коцки и оставете го да омекне на собна температура. Додајте две јајца (кои исто така треба да бидат на собна температура), 125 мл масло, две лажици кисела павлака или цврст јогурт.




Потоа додајте го пченкарното брашно, малку сол, една кесичка прашок за печиво, белото врашно, па со лажица, виљушка или шпатула измешајте ги состојките. Но, најдобро е да го замесите со рака за што ќе ви бидат потребни само неколку минути.




Состојките лесно се впиваат една во друга, а поради путерот и маслото тестото останува меко и мазно и многу лесно се обликува. Настрана ситно исечкјате една рака свеж копар па додајте го во тестото и уште малку размесете за да се распореди рамномерно.




Наместо копар може да користите друга билка или пак мелен ким, а може и да не додавате никаков зачин. Добиеното тесто нема потреба да се остава да стасува и ферментира, ниту да отстојува во фрижидер, туку веднаш може да се почне со работа.




Кинете мали топчиња, сплескувајте ги помеѓу дланките или на работна површина, полнете ги со малку сиренце и обликувајте ги во вид на топче или овал или облик по ваш избор. редете ги во плех обложен со хартија за печење.




Одозгора премачкјате ги една изматена жолчка,а по желба плитко засечете ги за да направите шара или наросете ги со сусам, ким или семки по избор. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.