Зелник со праз – убавина која со очи се јаде: најубавиот старински зелник

Фото и рецепт: Тања Докузова

Потребни состојки:

½ квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

Малку масло

Брашно  и млака вода по потреба..

Постапка:

Се замесува тесто, вообичаено со малку масло, половина квасец, малку сол, шеќер и брашно…

Кога ќе стаса се расукува една кора, се реди празот запржен во кој додавате урда или сирење по желба, се покрива со друга иста таква кора, се попрскува со масло и следните две кори се засекуваат на осминки , само се попрскуваат со масло  и се виткаат назад триаголниците да се направи внатре круг за филот …

Се става празот во средината, ако сакате покријте го со тенка кора, но не мора, се редат ситни коцки маргарин  и се става да се пече .