Со помош на истата смеса можете да го поттикнете растот на веѓите и трепките.

Повеќето жени, а во последно време и се повеќе мажи, вложуваат многу време и пари за сочувување на својата коса и спречување на ќелавењето.

Секоја жена сака да има долга, сјајна и здрава коса, а многумина помошта ја побараа во природата и едноставноте решение кое целосно ги обновува фоликулите на влакната и го поттикнува растот, како на косата, така на трепките и веѓите.

Потребни состојки:

5 лажици рицинусово масло

5 лажици кокосово масло или бадемово масло.

Постапка:

Со оглед на тоа што рицинусовото масло е многу густо, треба да го разредите со друго масло, како што е бадемовото или кокосовото. Откако добро ќе ги измешате, нанесете на погодените места.

Постапката се применува навечер, за да може мешавина што подолго да делува, односно до следното утро.

Кога ја третирате косата, заштитете ја главата со некоја крпа или пластична фолија. Следниот ден кога ќе станете, измијте ја косата нормално за да се отстрани маслото. За многу кратко време ќе забележите одлични резултати.

Рицинусовото масло се покажало како фантастично во третирањето на слаба коса. Ова масло е богато со омега 9 масни киселини, кои ја прават косата здрава и поттикнуваат на побрз раст. Третманот со рицинусово масло е 100% природен, без некакви хемикалии.