Рецепт: БОЖЈА АПТЕКА – кажете го проблемот, има решение!

Велат дека Бог прво ги раздвоил солената и слатката вода, ја создал Земјата, ги посадил билките, ги создал животните и рибите… и сето тоа пред да го создаде човекот. Тој создал се’ што ни е потребно уште пред да се родиме. Затоа е најдобро и најделотворно да се јаде сурово…

Како и да е, ајде да видиме што има во Божјата аптека, какви лекови можеме да пронајдеме во природата:

Насекаде гледаме оставени знаци што е добро и за кои органи е добро во нашето тело. Неверојатно! Иако ова го знаеме и ни е познато, вреди да се потсетиме.

1.Пресечениот морков личи на човеково око. Зеница, ирис и зрачни линии кои изгледаат токму како човековото око… И, ДА, науката сега потврдува дека морковот значително го подобрува крвотокот и функцијата на окото.

2.Доматот има четири комори и има црвена боја. Срцето е црвено и има четири комори. Сите истражувања покажуваат дека доматот всушност е чиста храна за крвта и срцето. Лекува варикозни вени.

3.Грозјето виси во форма која личи на срце. Секое зрно посебно личи на крвна клетка, а истражувањата денес покажуваат дека овој плод значително го ревитализира срцето и воопшто е добро за целиот кардиоваскуларен систем.

4.Оревот личи на мал мозок. Има десна и лева хемисфера, горни церебруми и долни церебрему. Дури и брчките и линиите личат на нео-кортекс. Познато е дека оревот помага за развој на преку 30 невро трансмитери за мозочните функции.

5.Гравот кој речиси е идентичен на бубрег, всушност лекува и ја подобрува функцијата на бубрезите.

6.Целерот има облик на коска. Последните истражувања велат дека целерот содржи состојки кои се многу корисни за коските во телото. Коските содржат 23% натриум – и целерот содржи 23% натриум. Ако не внесувате доволно од овој минерал во организмот, телото го зема од коските, а на тој начин тие слабеат. Оваа храна ги надохнадува потребите на скелетниот систем.

7.Модар патлиџан или црн домат, Авокадо и Круши – го подобруваат здравјето и функцијата на матката и грлото на матката кај жени. Овие плодови всушност ги лекуваат овие органи. Денешните истражувања покажуваат дека ако жената јаде по едно авокадо седмично, нејзините хормони се избалансирани, се намалува прекумерната телесна тежина за време на бременост и се спречува рак на грлото од матката. И внимавајте на ова:

Потребни се 9 месеци за едно авокадо да созрее од цвет до зрел плод. Постојат преку 14000 фотолитички хемиски состојки во секое од овие плодови. Модерната наука проучила и именувала дури само 141 од нив.

8.Смоквите се полни со семчиња и висат во парови кога растат. Смоквите ја зголемуваат мобилноста на машката сперма и го зголемуваат бројот на сперматозоиди и на тој начин ја намалуваат машката стерилност.

9.Портокали, цитрон и останато цитрусно овошје – личи на млечните жлезди кај жените и всушност го подобруваат здравјето на дојките и протокот на лимфата во градите.

10.Кромидот личи на телесните клетки. Денешните истражувања покажуваат дека кромидот ги елиминира отпадните материи од сите клетки од телото. Може дури да произведе и солзи кои ги мијат епителните слоеви во окото. Неговиот соработник лукот, исто така ги елиминира отпадните материи и опасните слободни радикали од телото.

11.Слаткиот компир личи на панкреас кој всушност го регулира гликемискиот индекс кај дијабетичарите.

12.Маслинките помагаат за подобрување на здравјето и функцијата на јајниците.