Преубави кифли, лесно се прават а изгледаат убаво и декоративно, мора да ги пробате!

Многу е убаво печивото, декоративни се, однадвор крцкави а одвнатре меки и кончесто се двојат. Направете ги, знам дека ќе ви се допаднат. Јас ги правев без фил, но вие ако сакате можете да ставите фил по ваша желба.

Потребни состојки:

1 кг брашно +-

1 ½ коцка свеж квасец

2 ½ лажички сол

1 лажичка шеќер

200 мл топла вода

200 мл топло млеко

250 мл масло

2 јајца

loading...

1 јајце + малку масло за премачкување

Ако ставате фил намалете во солта, ставете 2 лажички или помалку.

Малку путер или маргарин кој се става на крај врз кифличките, за премачкување.

Постапка:

Во вангла ставете млеко и вода и растворете го квасецот. Додадете сол, шеќер и јајца, промешајте и додавајќи брашно замесете тесто. Оставете го да надојде покриено на топло место. Јас го ставам во рерна на 50 степени и тогаш побро се удвојува.

Надојденото тесто се размесува и се дели на мали топчиња со величина на орев, или малку поголеми, по ваша желба.

Секое топче го развлекуваме овално и го засекуваме 5-6 пати надолжно, но не до крај (види фото).

Лесно ја виткаме кифлата започнувајќи од сечениот крај и добиваме валјак во форма на гасеница.

Ова го правиме со сите топчиња, па гасениците ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме да надојдат, а потоа ги премачкуваме со јајце изматено со малку масло.

Се печат на 200 степени додека да добија убава боја околу 30-40 минути.

Пред самиот крај кифличките набрзина ги премачкуваме со путер и ги враќаме назад во рерна уште 4-5 минути.