Ова го пробав на еден роденден и одлично е со краставички.

Потребни состојки: 3-4 поголеми краставици, 1 јогурт, 2-3 големи лажици милерам или павлака, 3-4 големи лажици сечкани зачини (копар, власец и малку оригано), 1 мала лажичка сенф, 2-3 мали лажички мед, сол, црн пипер по вкус

Постапка: Краставиците излупете ги, изрендајте ги и посолете. Кога малку ќе отстојат, истиснете со раце да се исцеди течноста. Копарот, ориганото и власецот измијте ги па ситно исечкајте ги ситно.

Во пластичен сад измешајте јогурт, павлака, сенф, мед, власец, оригано и копар. Промешајте па зачинете по желба. Додадете ги краставиците и добро промешајте.

Послужете со било какво месо или по желба. Може да се чува во фрижидер 2-3 дена. Изладено е уште повкусно.

coolinarika.com