Некои не го поднесуваат, ама во Кина докажаа дека лукот може да спаси од карцином на плуќа

Студијата објавена во списанието “Cancer Prevention Research “ го потврди позитивното влијание од консумацијата на лук како превенција и намалување на ризикот од карцином на бели дробови, еден од најчестите причинители за смртност кај мажи и жени.

Истражувањето спроведено на 5.976 испитаници во Кина во период од 2003 до 2010 година, се засновало на пдатоци собрани од интервјуа со испитаниците кои укажувале на исхраната, прехрамбените навики и начинот на живеење, вклучително и консумирање на лук, особено кога станува збор за пушачи.

Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците кои јаделе лук барем двапати седмично, имале намален ризик од карцином на бели дробови за 44%, додека ризикот ксј пушачи бил намален за 30%.

Авторите на студијата истакнуваат дека со редовно внес на лукот во исхраната, во зависност од количината, може да има превентивно влијание на карциномот на белите дробови.