Мирза Врањ е новинар и сопственик на популарниот портал Сензација.ба, а од неодамна и политичарка. Но, тоа не е сè, бидејќи таа стана хероина на модерното време. Имено, оваа храбра жена веќе неколку години се бори не со една, туку со три болести: полимиозитис, ревматоиден артритис и Сјоргенов синдром.

-Сè започна во 2009 година кога ненадејно започнав да отекувам. Наутро се будев со отечени раце и си мислев дека тоа ми е од умор и стрес. Работев по 15-16 часа дневно и морам да напоменам, никој не ме тераше на тоа, јас сум таква, сакав да се докажам.

-Како изминувало времето, нејзината состојба се влошувала.

-Не можев да дишам, да се движам. Тато дојде од работа и ме однесе на Итна, а дежурниот лекар ми рече дека сум во многу тешка состојба и дека е вистинско чудо што сум жива, бидејќи сум имала респираторен дистрес – се потсетува Мирза.

На Мирза и биле направени многу анализи и било утврдено дека боледува од автоимуно заболување, но не се знае кое е примарното. Таа има повеќе дијагнози.

После години водење битки со своите болести, таа не се предава.

-Според мислењето на лекарите е дека со брзото темпо на живот и нездравите навики сум си го разорила организмот.

Многу работа и стрес а малку одмор и сон- идеално за развој на автоимуни заболувања.

-Денес спијам по 7-8 часа, одам редовно на третмани по рефлексологија, користам мед и аронија, витамини и лекови кои ги набавувам од Германија, бидејќи овие нашите се “чкљ” категорија. Месечно трошам многу пари за лекови, а досега за здравјето имам потрошено колку за еден добар стан.

Но што е, тука е, без здравје, навистина ништо не вреди…

Рецепт за аронија и мед

10 зрна аронија

1 лажица павлака

1/2 банана исечкана

1 рака ореви

1 лажица квалитетен мед

Постапка:

Врз павлаката ставете исечкана банана, аронија, па ореви и најгоре мед. Може да замени ужина или вечера.

СИБИРСКА АРОНИЈА

Зрелите плодови од Сибирската аронија содржат голема количина на биофеноли, танини, катехини, флавоноиди, антоцијанини (најмногу од сите досега познати овошни сорти), фолна киселина, витамин А, Ц (8-10 пати поголема концентрација отколку во јужното овошје), Б2, Б6, Б9, Е и многу редок витамин П, како и бета-каротен, калиум, калциум, железо, манган, молибден, јод и фосфор.

Огромната количина на танини и флавониди каде што главната улога ја има антоцијанинот, ја прават Сибирската аронија досега најсилен познат АНТИОКСИДАНС.

АНТИКАНЦЕР ЕФЕКТ- Благодарение на високата концентрација на антиоксиданси, аронијата претстваува силно средство за борба против создавањето и развојот на канцер на мозокот, белите дробови, дебелото црево и црниот дроб.

АНТИОКСИДАНС-го спречува создавањето на слободните радикали и дегенерацијата на здравите клетки во човечкото ткиво, а со тоа го спречува и предвременото стареење.

ЗГОЛЕМЕНА ЦИРКУЛАЦИЈА-Ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови во главата, помага при главоболка и мигрена, го спречува развојот на атеросклероза и создава силна заштита од појава на деменција и Алцхајмерова болест. Ја подобрува крвната слика, ја зголемува еластичноста на крвните садови и го спречува нивното закречување, со што ги смирува тегобите кај воспалени и проширени вени.

РЕГУЛИРАЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК И ХОЛЕСТЕРОЛ- аронијата е природно средство за регулирање на високиот крвен притисок, кој го намалува лошиот холестерол, овозможува брзо опоравување од срцев и мозочен удар, ја подобрува прокрвавленоста на миокардот и потпомогнува во спречување на тромбови.

СПРЕЧУВА УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ- аронијата помага при отстранување на тешкотиите создадени од уринирани инфекции и воспаление на простатата.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ- помага организмот полесно да се избори против вирусни и бактериски инфекции.

ГО РЕГУЛИРА ШЕЌЕРОТ- Аронијата е помошно средство кое го подобрува излачувањето на хормоните и ја регулира функцијата на штитната жлезда, го регулира нивото на шеќерот. Содржи редок овошен шеќер сорбитол, со што помага при диететската исхрана.

ПОМАГА ПРИ ОПСТИПАЦИЈА- Со редовна употреба, успешно потпомага во решавањето на проблемот со тврда и нередовна столица. Се врзува за тешките метали и радиоактивните елементи во телото, го овозможува нивното излачување што е од најголема корист после зрачењето кај постоперативните терапии.