Не заборавајте: по една лажичка дневно од ОВА за заштита од загаден воздух и имунитет

Постојат луѓе кои постојано се разболуваат. А постојат и онакви кои ретко или речиси никогаш не се разболуваат. Тоа зависи од индивидуалниот имунолошки систем кој зависи од многу фактори, како на пример, исхраната, физичката активност, а особено квалитетот на воздухот кој се дише. Луѓето кои живеат во загадена животна средина се посклони на инфекции и имаат послаб имунитет.

Ако водите здрав живот, се исхранувате со сите групи намирници, внесувате доволно витамини и минерали, имате редовна физичка активност, добар социјален и семеен живот – голема е веројатноста дека сте изградиле силен и јак имунитет.

Стресот, пушењето, нездравата исхрана, седалниот начин на живеење и други навики, загадениот воздух и слично, можат да го дестабилизираат имунолошкиот систем.

Во овие студени денови, а особено кога температурите се често променливи, луѓето стануваат подложни на настинки и други вирусни инфекции, па затоа е потребно навремено да се грижите за вашето здравје. Ако имате изградено силен имунитет, инфекциите нема да ве совладаат.

За да го зајакнете имунитетот и да го одржите на оптимално ниво, потребно е да консумирате по една лажица од оваа неверојатна смеса, секојдневно.

Потребни состојки:

1 корен од ѓумбир со средна величина

3 лимони

500 г мед

Постапка:

Измијте ги лимоните, исечете ги на помали парчиња па изблендајте ги во блендер. Ѓумбирот излупете го па ситно изрендајте го. Додадете го медот и убаво промешајте.

Смесата складирајте ја во стаклена тегла. Нема потреба од термичка обработка, бидејќи медот делува како конзерванс. Можете да додавате во чај, да мачкате на леб, или едноставно, секој ден да јадете по една лажица од оваа смеса.

Ова е најдобриот природен начин со кој ќе се заштитите оваа зима.