Ваква САРМА не сте јаделе досега!

На самото спомнување на сармата, првото нешто што ви паѓа на памет е зима и празници. Ова вкусно и освежувачко јадење во овој период од годината се приготвува во речиси секое домаќинство, а доколку сакате да испробате нов и поинаков рецепт за сарма, што на вашето јадење ќе му даде една поинаква нота, ви го претставуваме рецептот за сарма која досега не сте ја пробале.

Иако, секој ја приготвува сармата на свој уникатен начин, сепак традиционалниот рецепт има основна база која се состои од кисела зелка, мелено месо и ориз. Но ова вкусно и освежувачко јадење може да стане уште поинтересно со додавање на уште една мала измена во рецептот.

Станува збор за јачмен кој во овој рецепт ја има улогата на оризот. Јачменот има многу побогат вкус, па на сармата може да и даде нова и интересна нота. Ова е проверен рецепт за малку поинаква сарма во која ќе ужива целото ваше семејство.

Потребни состојки:

– 1 главица кисела зелка

– 1 кг мешано мелено месо

– 1 поголема главица кромид

– 6 чешниња лук

– 1 голема лажица јачмен (или ориз)

– магдонос

– сол, црн пипер

– црвен пипер во прав

– ловоров лист

Постапка:

1. Во една чаша ставете го јачменот и прелијте го со топла вода, па оставете да отстои додека го приготвувате месото.

2. Во садот ставете го месото, додадете исечкан кромид и три чешниња лук, сол, пипер, магдонос и црвен пипер.

3. Потоа додадете го и процедениот јачмен, па сето заедно добро измешајте го со раце.

4. Во голем сад ставете малку масло или свинска маст па загрејте на оган.

5. Додадете го остатокот од исечканите лукчиња па кратко пропржете и додадете ги сечканите листови од зелка кои ви останале вишок.

6. Пропржете ги околу 15 минути, додадете малку бибер и црвен пипер во прав.

7. Отстранете од оган па започнете да ги виткате листовите со месо.

8. Половината од пропржените листови ставете ги на дното од лонецот, а другата половина ставете ја на чинија.

9. Сармите редете ги во лонецот а на крајот на врвот покријте со остатокот од пропржените листови.

10. Додадете вода колку да се покријат сармите, додадете ловоров лист, па гответе на тивка температура околу 2-3 часа.

Совет:

– Јачменот се „однесува“ исто како и оризот па овој рецепт можете да го направите на двата начини (и со јачмен и со ориз).
– За побогат вкус додадете кожичка панцета или парче суво месо.

– Послужете со варен компир, пире или палента.

Loading...