Глувците и стаорците насекаде во светот се приспособени да живеат во најнепријатни услови. Но, она што последно го посакувате е ваквите суштества да влезат во вашиот дом. Овие грди животинки можат да минат низ пукнатините на ѕидот и низ други отвори како што е канализацијата.

Да не заборавиме дека овие животинчиња освен што оставаат измет насекаде, тие исто така шират и страшни заразни болести. Доколку имате мали деца во домот, ризикот е уште поголем, бидејќи децата често си играат на подот па се изложени на каснување или допирање на телесните течности и изметот од овие животинки.

Овие штетници лесно и брзо се размножуваат. Само замислете си, женските стаорци може да имаат од 15 до вкупно 22 глувци годишно. Иако постојат многу пестициди за елиминација на овие глодари, најдобро е да се ослободите од нив на природен начин.

Хемиските агенси се многу силни, па затоа се и ефикасни бидејќи глувците ќе го напуштат вашиот дом на подолг период. Меѓутоа, проблемот е во тоа што остатоците од овие хемикалии остануваат во домот и можат да го загрозат вашето и здравјето на вашите најблиски.

 

Затоа, обидете со овие природни методи:

 -Користете сода бикарбона:

 Оваа состојка е многу ефикасни бидејќи глувците не можат да ја сварат. Поставете на стратешки места, онаму каде што глувците најмногу се движат. Тие ќе ја јадат и ќе умрат.

 

-Метод со гипс

Овој метод вклучува мешавина од гипс, храна и сол. Ставете од оваа мешавина на стратешки места, па кога глувците ќе ја внесат во својот организам, гипсот ќе се зацврсти и тие ќе умрат.

 

-Чоколадо и гипс

Глодарите исто така ја сакаат слатката храна. Затоа, чоколадото е одлично за привлекување на нивното внимание. Измиксајте чоколадо во прав со гипс. И овој метод функционира исто како претходниот.