Фото и рецепт: Натич Нт

Потребни состојки:

800 г брашно +-

1 квасец

1 лажица сол

2 јајца + 1 јајце за премачкување

маргарин/путер за премачкување

4-5 лажици масло

100 мл јогурт или кисело млеко

200 мл топло млеко

Постапка:

Се активира квасецот, па со наведените состојки се замесува средно меко тесто. Се остава да стаса, па се дели на на четири еднакви дела.

Секој дел се развива во кора, секоја кора се премачкува и се редат една врз друга. Потоа од сите кори се развива една кора, исто така се премачкува и се витка како ролат. Се сечат парчиња и се редат како на фотографијата во садот за печење.

Имајте си убав неделен ден домаќинки каде и да сте..