Согорувајте ги мастите додека седите!

Губитокот на тежината кај некои луѓе е многу тешка задача и збунувачка загатка, но доколку успеете да ги активирате хормоните кои влијаат врз процесот на слабеење, за кратко време ќе успеете да ја решите оваа задача.

Хормоните се одговорни за регулирање на телесната тежина, а ние ви ги откриваме овие 6 начини, како без диета да ги активирате хормоните кои влијаат врз слабеењето и на тој начин да го забрзате метаболизмот.

1.Намалете ја потребата за храна така што ќе јадете храна која заситува

Некоја храна едноставно може да ве засити повеќе од некоја друга храна. Ова ќе го забележите не само по чувството на исполнетост во желудникот, туку и по тоа колку долго после оброкот ќе бидете сити додека да посакате повторно да јадете. Хормонот кој е заслужен за регулирање на тежината а кој е одговорен за чувството на ситост се вика лептин, а консумирање на храна која е богата со протеини е одлучен начин да го нахраните своето тело и да го активирате лептинот за да бидете подолго време сити.

Лептинот му говори на мозокот дека повеќе не сте гладни и да престанете со јадење. Истражувањето покажало дека мало покачување на внесот на протеини во исхраната, заедно со физичка активност и енергетски контролирана исхрана, ја подобрува регулацијата на телесната тежина.

Студијата покажала дека консумирањето на протеините го зголемува чувството на ситост и им помага на луѓето во губење на вишокот килограми, но без да ја изгубат мускулната маса.

2.Изградете мускулна маса

Истиот хормон кој ја зголемува мускулната маса кај бодибилдерите, кај вас може да биде клуч за губиток на килограмите. Хормонот на тестостерон е присутен и кај мажи и кај жени, а неговото ниво може да го зголемиме со дигање тегови. Колку е повисоко нивото на тестостерон, толку е полесно да се ослабе, бидејќи мускулите ги согоруваат мастите.

Подигајте тегови со доволна тежина и со доволен број на повторувања додека да почуватвувате дека мускулите ви горат, па брзо ќе видите резултати. Ако немате тегови, можете да го активирате овој хормон лесно додека го подигате детето, носите 4 полни торби со намирници или пакети млеко од автомобилот до кујната.

3.Не го скокајте појадокот

Наутро, вие буквално ги активирате хормоните кои се одговорни за губиток на тежината со прекинување на целоноќниот пост. Додека спиете вашето тело е во пост и согорува малку калории додека обработува дневни информации низ соновите и сеќавањата.

Срцевиот ритам и дишењето се спори, што значи дека и метаболизмот е спор додека одморате. За да го разбудите телото и предизвикате скок на метаболизмот, започнете го денот со протеини од растително потекло, како и со растителни извори на масти и јаглени хидрати. Не преминувајте 800 калории и процентот на јаглехидратите нека биде помал од процентот на протеини и масти.

4.Согорувајте масти и додека седите

Тироидните хормони кои влијаат врз губитокот на тежината ги произведува жлезда во облик на пеперутка, под името тироидна или штитна жлезда. Истражувањето на гојазноста со проучување на функцијата на штитната жлезда е вршено со тоа што се мерени тироидните хормони тријодтиронин (Т3) и тироксин (Т4) кај дебели деца пред и после слабеење – покажало дека и мал губиток на тежината доведува до намалување на хормоните Т3 и Т4. Намалувањето на овие хормони доведува до поефикасен метаболизам и додека одморате, што води кон понатамошно губење на тежината. Доволно е да изгубите само 5 кг, за да ги активирате тироидните хормони и да продолжите со губиток на килограмите.

5.Добар сон

Нивото на хормонот лептин кој е заслужен за чувство на ситост, зависи и од тоа дали спиете 6-8 часи секоја ноќ. Ако немате квалитетен сон, нивото на лептин се намалува, па ќе имате поголема желба за храна и енергија за да го надокнадите недостигот на одмор. Вашето тело резонира дека ако сте уморни, тоа значи дека ви е потребна енергија во вид на храна, а нивото на лептинот не е доволно висок за да му каже на мозокот дека всушност не сте гладни.

6.Јога дишење

Фокусираното дишење кое го практикуваат јога-мајсторите, го менува нивото на хормонот на надбубрежната жлезда, одговорен за слабеење. Студијата во која истражувачите барала од учесниците да дишат низ една ноздра додека другата ја држат затворена, 27 респираторни циклуси, повторувајќи го ова 4 пати дневно во текот на еден месец, покажала дека кај нив дошло до забрзување на метаболизмот и зголемување на потрошувачката на кислород во тек на одморање за 37%.