Домаќински совети: Како најлесно да ги наострите ножиците, да ги исчистите дрвените лажици…

1.Вашите ножици повторно ќе бидат остри ако земете едно парче алуминиумска фолија и го пресечете неколку пати со тое ножици.

2.Ако сте се извалкале со мастило, додека е уште свежа дамката можете да ја исчистите со млеко.

3.Дрвената лажица можете да ја измиете ако ја прелиете со минерална вода и ја оставите да отстои некои време. Така ќе се исчистат и нејзините најситни пори.

4.Златото може добро да се исчисти со црвен кромид, така што ќе го намачкате со црвен кромид и ќе оставите малку да отстои а потоа ќе исполирате со некоја мека крпа.

5.Масните дамки од микробрановата печка ќе ги исчистите на следниот начин: во еден сад со вода ставете неколку исечени лимони па оставете да се загрее во микробрановата на највисока температура неколку минути. Не само што ќе се исчисти маснотијата, туку ќе добие и убав свеж мирис на лимони.

6.За чистење на валкани фуги од плочките може да се користи прашок за печиво потопен во малку вода. Чистењето се прави со некоја мала четка, на пример некоја четка за заби што веќе не ја употребувате.

7.Зачините секогаш се додаваат на крајот од готвењето, бидејќи само тогаш ја сочувуваат својата арома.

8.Во соларникот додадете неколку зрна ориз за да не се лепи солта од примената влага.

9.Ако имате главоболка, ќе ви помогне ако во кафето ставите неколки капки лимон.

10.Зеленчукот кој го чувате во фрижидер за да остане подолго време свежо, пластичната фијока во која го чувате обложете ја со хартиена салветка и ставете сунѓер натопен во вода. На тој начин зеленчукот ќе ја добива потребната влага.

Loading...