Ја брка несреќата од домот и носи благосостојба: секој треба да си ја засади

Оваа билка со векови се користи во народната медицина, а многумина ја одгледуваат поради уникатниот и декоративен изглед.

Освен што има неверојатни лековити својства, чувар куќата е билка која ја штити куѓата од негативни влијанија.

Според народните верувања чувар куќа е билка која ја штити куќата од оган или удар на гром, па затоа честопати може да се види засадена по крововите од селските куќи. Оваа билка со векови се користи во народната медицина, а многумина ја одгледуваат поради декоративниот изглед.

Се бере од март до октомври, а ако се чува во саксија тогаш преку целата година. За лек се најдобри листовите летно време, за време на цветањето. Хемискиот состав на билката се состои од танин, слуз, смола, јаболкова киселина. Се употребува сокот исцеден од дебелиот свеж лист.

За лекување се користат свежите листови, а свежо исцедениот сок и листовите се ставаат како облога при убод од инсекти, изгореници, испукана и оштетена кожа, хемороиди…

Современите истражувања се насочени на полисахаридите од сокот на ова растение, бидејќи им се препишува дејство за подобрување на имунитетот и помош при лекувањето на канцерогени болести.

Чајот од свежи листови на чувар куќа се применува и внатрешно и надворешно: се пие за лекување на хемороиди и се стават облози, како и за менструални тегоби. Го освежува организмот, има диуретички својства и делува противвоспалително.

Тинктура од чувар куќа

Свежи листови сомелете и потопете ги во еднаква количина 70% алкохол или добра домашна ракија. Трипати дневно се зема по 15-20 капки во половина чаша вода за чиреви или после операција на желудник.

Маст од чувар куќа

Во 300 г топла, течна свинска маст измешајте грст свежи сечкани листови од чувар куќа и оставете преку ноќ. Наутро повторно загрејте, процедете и складирајте во посебен сад. Се користи за повреди, модринки, убод од инсекти, фистули и гнојни рани кои долго не зараснуваат.

Лековит чај

Ако сте одлучиле да направите чај од чувар куќа, пригответе го од две мали лажички иситнета билка и 200 мл врела вода. Прелијте и оставете да отстои два часа. Процедете и пијте по половина шолја 3-4 пати дневно пред секое јадење. Се пие во случај на дијареа, силна менструација, воспаление на уво, дизентерија, за излачување на мокрачата од организмот.

Лек за хемороиди

300 г иситнете билка, 750 г домашен ливадски мед и еден лимон. Домашниот лимон се меле заедно со чувар куќата и се исцедува сокот низ газа. Во добиениот сок се додава медот и добро се промешува со дрвена лажица. Се чува во фрижидер. Се зема наутро на гладно, по една лажичка.