Рак е назив кој се користи за широка група болести кои се карактеризираат со неконтролирана клеточна делба, односно способност на некои клетки да создадат метастази и да продрат во други ткива и органи.

Постои цела низа фактори кои се причинители за појава на рак, групирани во три поголеми области: исхрана (лоши масти – трансмасни киселини, лоши јаглехидрати – рафиниран шеќер), стрес (пореметување на психата) и околина (загаденост, пушење, алкохолизам, изложеност на радиоактивни супстанции).

Иако ракот своите симптоми најчесто ги покажува веднаш, сепак постојат некои знаци кои се суптилни и не смее да се игнорираат.

Ученичката Ештон Пауел напишала емотивен есеј во кој го опишува своето патешествие и опоравување од акутна лимфобластична леукемија.

Ракот и бил дијагностициран само 8 дена после нејзиниот 14.роденден, а завршила хемотерапија и се вратила во училиште јануари, минатата година.

Лоши работи им се случуваат на добри луѓе, а некогаш и на деца. Често гледаме вести и се соочуваме со трагични несреќи кои се случуваат во светот.

Дали некогаш сте помислиле на себе, зошто лоши работи им се случуваат на добри и невини луѓе?

Ова е нејзината приказна:

“Се започна во 2014 година. Мама секоја седмица ме носеше на лекар, беше многу загрижена. Докторот не знаеше што ми е, а потоа после две седмици ми дијагностицираше грип.

Секои пет дена брат ми Дилан кога ќе се вратеше од училиште доаѓаше во мојата соба и ми велеше да престанам да глумам и да се вратам во училиште.

А јас му велев дека не се зафрлавам, дека ме боли многу стомакот, а и нозете. И тој како и докторот грешеа, мене ми беше полошо и немав грип.

Неколку дена подоцна забележав модринки по нозете. Ја погледнав мајка ми и ја прашав дали имам рак.

Таа имаше загрижен поглед и почна да ме убедува дека нема шанси јас да имам рак. Но, следниот ден отидовме на лекар. Ми направија тест на крвта.

Истиот ден и соопштија на мајка ми дека морам да заминам во болница. Од се’ што кажа докторот се сеќавам дека рече дека имам леукемија, а мајка ми почна да плаче, а татко ми беше во шок, а јас останав без зборови.

Таа ноќ отидов во болница, во детскиот оддел.

Таму останав цела година. Дијагнозата ми ја соопштија само 8 дена после мојот 14.роденден, и можете да си замислите дека тоа беше мојот најлош роденденски подарок.

Поминаа оттогаш 2,5 години и конечно ја завршив хемотерапијата. Поминав низ застрашувачки работи, како тишичен тинејџер не би требало да видам ниту да проживеам такви работи.

Трипати се соочив со смртта. Првиот пат кога имав габична инфекција во белите дробови, а и вториот пат исто.искуството беше страшно.

За време на моето патешествие сретнав разни луѓе, чудесно силни луѓе кои имаа различни видови на рак. И се уште сум во контакт со некои од нив.

Можеби пропуштив 2,5 години од мојот тинејџерски живот, но стекнав и многу позитивни искуства и за тоа животот го ценам уште повеќе…

Симптоми на лимфобластична леукемија

Акутна лимфобластична леукемија е најчеста злокобна болест и во почетокот оскудно се јавува со одредени симптоми.

Исто така, симптомите се многу неспецифични и можат да бидат знаци за многу други болести, а не само оваа болест, како на пример, недостиг на апетит, незаинтересираност за игра, умор, склоност кон инфекции.

Меѓутоа, ако детето стане многу безволно и уморно, бледо, го изгуби апетитот и телесната тежина, а по кожата добие бројни модринки или точкасти крвавења, треба да се посомневате на акутна лимфобластична леукемија.

После некое време децата стануваат склони на инфекции, а често се јавува и болки во коските.

Ако забележите било што од овие симптоми, веднаш јавете се на лекар.