Домашен лек за регенерација на бели дробови кај пушачи, за имунитет, за сува и продуктивна кашлица

Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чува вашето здравје и го зајакнува имунитетот. Се користи за лекување на бронхит, за прочистување на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, болно грло а особено е добар за пушачите. Единствено не смеат да го консумираат оние кои се алергични на мед и таан.

Потребни состојки:

500 г мед

500 г таан

2 мали лажички мелено ленено семе

1 мала лажичка мелен синап

Постапка:

1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки и убаво се мешаат.

2.Откако мешавината ќе се изедначи, складирајте во чисти, стаклени тегли.

3.Двете тегли убаво се затвораат и се чуваат на собна температура.

Употреба:

Се зема со пластична лажичка едно наутро и едно навечер на гладно.

Рецепт и фото: Божиновски