Диета за дебелковци – може да се слабее и по килограм на ден

Диетата е доста рестриктивна – па пред да се одлучите да ја примените, консултирајте се со нутриционист и лекар.​

Оваа 15-дневна диета е наменета за дебели луѓе, но и за оние кои имаат тегоби со дигестијата или лош тен.

Имено, освен за слабеење, овој режим на исхрана се покажал и како одличен „чистач“ на кожата, бидејќи ја намалува апсорпцијата на масти, на природен начин, па кожата се разубавува.

Со оваа диета се слабее од половина до еден килограм дневно. Важно е секој ден да изедете по едно јајце и портокал, а ручекот и вечерата се менуваат.

Во текот на диетата се намалува внесот на јагленихидрати, па поради тоа се намалува и мускулната маса, па затоа е потребно да правите и некои физички вежби.

Храната не треба премногу да ја солите, а наместо сол употребувајте повеќе зачински билки.

Појадок за секој ден: 1 портокал, 2 лепчиња-двопек, филџан кафе или чај без шеќер.​

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 матеница (или јогурт)

Вечера: 2 домати или 1чаша доматен сок, 2 варени јајца, 1,2 кг зелена салата или краставици, и 2 бисквити

Вторник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 матеница или јогурт, 2 тост лепчиња

Вечера: 125 г мелено говедско месо, 1 домат (или половина чаша доматен сок), 1 тост лепче, 1 чаша чај или кафе

Среда

Појадок:1 портокал(иликруша, праска… само небананитост лепчиња,со шолја кафеиличај без шеќер

Ручек: 1портокал,1 варено јајцејогурт,1мала главица зелена салата

Вечера:125гмелено говедско месо,1 портокалтост лепче,1 шолјакафе или чај

Четврток

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 125 г урда со малку млечни масти (или моцарела), 1 домат, 1 тост лепче

Вечера: 125 гр мелено говедско месо, 2 домати и 1 чаша доматен сок, 1 јаболко, 1 тост лепче

Петок

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … само не банани), 2 тост лепчиња, со шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 тост лепче

Вечера: 500 гр варен зеленчук (морков, грашок, компир, …), 1 јајце, 1 домат.

ЈАДЕТЕ нормално во текот на викендот!

ОДРЖУВАЊЕ на посакуваната тежина:

Секој понеделник јадете по следното мени:

Појадок: 1 лимонада без шеќер
Ручек: 1 јајце, 1 двопек, 1 домат (може и едно јаболко)

Вечера: 1 двопек, 1 домат (може и едно јајце)

Инструкции и правила

– Несмеете да пиете алкохол

– Храната може да се јаде топла или ладна, но важно е да се внесува по правилен редослед.

– По пет дена ќе изгубите 2,5-5 кг.

– По пет дена, два дена јадете нормално, но во умерени количини. Потоа ја повторувате диетата од понеделник до петок и така 3 пати по 5 дена; вкупно 15 дена на режим ако не се сметаат викендите.

– Можете да изгубите до 15 кг за овој период.