loading...

ДЕЛТА – 1001 ЛИВЧЕ: Колачот кој сите го обожуваат и бараат по 2-3 парчиња

Потребни состојки:

1 лиснато тесто

За фил:

3 пудинг од ванила

2 жолчки

200 г путер

200 г маргарин

200 г шеќер

1 шлаг пена

1 литар млеко

Постапка:

ФИЛ1: пудинзите и жолчките сварете ги во литар млеко и оставете да излади.

loading...

ФИЛ2: путерот и маргаринот (или само путер) изматете ги пенасто со шеќерот.

Поврзете ги филот 1 и филот 2.

Лиснатото тесто развлечете го во два плеха (најголемите од рерна).

Кога корите ќе се испечат, поделете ги на половина така што ќе добиете четири кори.

Од секоја кора истругајте ги површинските нерамнини, а парчињата (струготините) сочувајте ги за подоцна.

Три кори премачкајте со фил, а четвртата со шлаг и одозгора наросете со парчињата.

loading...