Православните христијани утре ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на по-чинатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на дyшите на п очинатите.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди в црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гро-биштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за по-чинатите.




На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните дyши. Верувања: меѓу народот постоело верување дека за задушниците Бог сите мрт-ви ги враќа на земјата, а тие, пак, барале да јадат.

Пред секој мрт-овец имало софра и на неа тоа што го донеле живите за него. Мрт-вите, пак, за кои никој не се сеќавал, т ажно гледале во другите полни софри, од кои не можеле да добијат ниту залак.




На Задушница се посетуваат гро-бовите на најблиските, се чистат, се темјанат и се украсуваат со цвеќе, најчесто со хризантеми. Во минатото, најстарата жена го полевала г робот со црвено вино, отпочнувајќи од местото на главата, па се правеле три круга.




Се пали свеќа на г робот на п очинатиот, што е симбол на нашата вера, а пламенот нè потсетува на бесмр-тноста на д ушите. Темјанот ја симболизира чистата молитва, а цвеќињата – доблестите на покојникот.

На заедничката трпеза се поставувале седум различни јадења вклучително и омилените на покојникот. Првиот залак се оставал на земјата, а првата голтка вино се истурала, и притоа се спомнувале мрт-вите со „Боже прости“.




Старите велат дека ако на овој ден видите пеперутка или мува да зуи и лета околу вас, тоа значело дека д ушата на покојнокот дошол да ве посети. Исто така, за Задушница се приготвуваат и мали пакетчиња со храна кои се раздаваат на посетителите, сиромашните и на оние од соседните г робови, па дури и на непознати.




Забрани: вo пределот Бојмија за време на задушниците не смеело да се чистат куќите, затоа што се верувало дека на у мрените ќе им се запраши софрата. He шиеле затоа што ќе им се сошиела ус-тата, па не ќе можеле ништо да пробаат од јадењето.




He било добро на тој ден да се к араат, затоа што мрт-вите ќе се налу-теле и немало да јадат од „за душа”. Доколку некој што носел вода, а притоа сретнел некого, требало да го понуди од водата, бидејќи на тој ден мрт-вите биле многу жедни.

Требало за секој ум-рен да се запали пo една свеќа, затоа што се верувало дека доколку не му се запали, цел ден ќе му било мрак пред очите, па ништо немало да види…




Според народните претстави, постоеле различни имиња за сите задушници, пред сè за да можат да ги разликуваат.

Најчесто ги именувале според периодот во којшто ги одржувале: „Зимска задушница”, „Петровденска задушница” и “Митровденска задушница”, која уште се среќава и под името „Есенска задушница”. Исто така, многу често, во некои од македонските предели, задушниците се среќаваат и co имињата „Mpтвени” или„Mpтвини”, име кое, секако, се поврзува co оние за кои е наменет овој ден.




За Црквата не постојат никакви поделби на задушници туку, едноставно, во употреба е само името „Задушница”, независно од тоа во кој период од годината се паѓа.

Најчесто, задушниците започнувале уште во петокот попладне, а продолжувале утредента, во саботата. За време на задушниците, жените ги посетувале семејните г робови каде што раздавале од подготвените јадења, палеле свеќи и ги полевале г робовите co вода и co вино, а свештениците читале молитви за упокоение на д ушите на мрт-вите.




Онаму каде што немало свештеници, таа улога jа преземале жените кои самите ги прекадувале гро-бовите co темјан. Според етнологот Зоранчо Малинов, во пределите од Македонски Шоплук, на гро-бовите жените раздавале јадења и пијалаци за „да им се најдат на мрт-вите на оној свет”.




Во петоците раздавале само посна храна, додека во саботите раздавале и мрсна. Но, и за двата дена обврзно било носењето варена пченица и обредни лебови („поскури” и „просфори”) или помали обредни лепчиња („тутрички и „пупички”). Исто така, имало и различни имиња за една иста Задушница.