Веројатно некогаш и вам ви се случило да ве „пецне“ нешто што сите го нарекуваат „струја“ кога сте се допреле некого или нешто? Зошто оваа не многу пријатна појава се јавува почесто во зима и како да се осло-бодите од неа?




Кога говориме за таков вид „струја“, всушност мислиме на статичкиот електрицитет. Како што кажува самиот збор, овој вид на енергија е статичен, што значи дека е во мирување. Причината поради која се создава лежи во нееднаквиот сооднос, односно нерамнотежата на електроните помеѓу материјалите што се допиpaат.




Сигурно сите како деца сте тpиеле балон или линијар во косата за да создадете ваша „струја“. Меѓутоа, денес оваа појава може да биде многу неп-ријатна, особено ако осетиме дека нешто нè „у дрило“ или нè прот-ресло при допиpoт со наелектризиран предмет.




Каде се појавува? Статичкиот електрицитет е најчесто се јавува во простор со сув воздух, кој, како што сите знаеме, е почест зимно време. Речиси секој предмет може да биде еден вид колектор на статички електрицитет.




Речиси на сите ни е познато дека ова е најчесто е случај со синтетичката облека, но оваа енергија може да се собере и на теписи, завеси, мебел обложен со пластика и слично.

Доколку работите на компјутер, а исто така и во простор каде што нема доволно влажност, голема е веројатноста појавата на статички електрицитет да ви биде секојдневица. Имено, постои огромното присуство на статички електрицитет и во компјутерот.




Мониторот, како незаменлив дел од компјутерската опрема, е најголемиот „производител“ на статички електрицитет. Тоа може да се види по количината на прашина што ја привлекува. Прашината, за жал, не е само естетски проблем бидејќи со себе носи многу поcepиозни последици како што е присуството на статички електрицитет.




Последици од статички електрицитет врз здравјето на луѓето. Одвојувањето од земјата нè прави поподложни на акумулација на статички електрицитет. Некогаш луѓето оделе боси и немало толку голем ризик од создавање „струја“ во човечкото тело.




Денес, се разбира, тоа не е така, а исто така и поради околината на технологијата, непpиpoдните материјали и слично, појавата на електрична енергија во човечкото тело се зголемува. Кои се последиците од тоа?




Пред сè, губење на витамин Ц, зголемување на шеќерот во кр-вта, брзо заморување, ош-тетување на кожата. Струјата лесно привлекува бактерии и честички од нечистотија, го попречува дејството на дигестивните ензими и др.




Како да се намали електрицитетот? Општо познато е дека треба да се заземјуваат предметите кои се склони кон акумулација на статички електрицитет. На тој принцип функционираат т.н. ели-минатори на статички електрицитет. Дополнително, од голема помош може да биде и зголемувањето на релативната влажност во просторијата во која престојувате, како и користењето антистатички спрејови и течности.




Кога чувствувате дека сте преполни со електрицитет, најдобро е да легнете на кревет и со босите стапала да го допрете ѕидот. Истото направете го и со дланките. Или пак, ставете ги дланките под млаз вода.