Неискусните, но и искусните градинари често се среќаваат со одредени проблеми при одгледувањето на цвеќињата. Без разлика дали ги чувате во градина, на балкон или на затворено, цвеќињата можат да стагнираат долги години и да не пуштат ниеден цвет.

Важно е да се напомене дека не секое цвеќе се одгледува на ист принцип. На пример, орхидеите се многу потешки за одгледување од розите. Потребно е да се водите по некои инструкции врз основа на видот на цветот.

Џосиас од каналот „Loucos das Plantas“ e специјалист за природни ѓубрива со кои сите цвеќиња се „опоравуваат“, па дури и оние кои сте мислеле дека никогаш нема да процветаат.

„Здраво, јас сум Џосиас, специјалист за органско ѓубриво за цвеќиња, а ова е мојот канал на јутјуб. Сите ми се чудат како градината ми е постојано расцветана, па дури и соседите често ми се најавуваат на гости, колку само да седат и да ја гледаат од што е толку убава.

Ќе ви покажам како се грижам за моите цвеќиња, чекор по чекор и кое природно ѓубриво го користам. Од моето лично искуство, ова ѓубриво ги расте сите цвеќиња како „луди“. Ако сте уморни од купување на скапи ѓубрива кои не даваат никаков резултат, добра вест е што не треба да ги набавувате повеќе.

Со ова ѓубриво се опоравуваат и цвеќињата кои стојат во аголот и „стагнираат“. Кромидовата лушпа е одлично и испробано природно ѓубриво кое делува на коренот на растението и го поттикнува неговиот раст. Сѐ што ви е потребно се неколку лушпи од кромид и 1 литар вода.

Нареден пат, пред да ги фрлите лушпите сетете се на овој трик и зачувајте ги во кеса. Може да користите лушпи од бел и црвен кромид, а може и мешано. Ќе ви биде потребно приближно 1 дланка кромид.

Ставете ги лушпите во еден подлабок сад, па прелијте со 1 литар вода на собна температура. Оставете ги лушпите да пуштат од своите нутритивни својства во водата приближно 2 часа. По изминатото време, сѐ процедете и веднаш користете ја водата за оние цвеќиња кои се во критична состојба.

Водата не треба да се разредува со дополнителна вода. Прихраната се користи на секои 15 дена, а резултатот е многу цветови и зелени листови, што дури ќе имате и за продавање. Оваа магична прихрана најдобро делува на видовите: кактус, сукуленти, хортензии и речиси сите останати цветови. Деталите од целата подготовка може да ги погледнете ОВДЕ.

Дали ви се случило некогаш, вашата омилена билка од непознати причини да почнала да се суши? Не очајувајте и не брзајте да се збогувате со неа. Ви предлагаме проверен начин со кој ќе ја вратите вашата билка во живот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кора од банана, 2-3 лажици мелено кафе, лушпа од 3 јајца, 1 литар вода. ПОСТАПКАТА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ОВДЕ.