Колкупати сте слушнале „помести се“ или „чукни во дрво, да не чуе зло“? Подолу се некои од понеобичните и повеќедецениски народни верувања во кои повеќето луѓе, без разлика дали сакаат да признаат или не, сè уште веруваат.

Покрај најчестите, постои и верување дека според однесувањето на мравките може да се предвидат идните случувања.

1. Не оставајте неиспиен пијалак кај гостите, така им оставате кавги во домот. 2. Кога ластовичката ќе направи гнездо на покривот на куќата, во таа куќа ќе дојде мир и спокој.

3. Она што го сонувате првата вечер во новиот стан ќе ви се оствари. Исто така, кога првпат спиете во туѓ кревет, запомнете што сте сонувале, тоа ќе се оствари.

4. Ако ви се случи некоја неволја рано наутро, не започнувајте ништо важно тој ден. 5. Каде масата не е стабилна поради пократка ногарка или од друга причина, во таа куќа жената го има главниот збор.

6. Кога гостинот ќе излезе од дома без воопшто да седне, се верува дека го одзел мирот од куќата. Исто така, каде што има женски деца, гостинот треба да седне најмалку пет минути.

7. Скршено стакло – ако се скрши чаша во куќата, тоа навестува среќа. 8. Кога држите бебе за прв пат, замислете желба. За една година, вашата желба ќе се оствари.

9. Јајце со две жолчки значи дека некој наскоро ќе се ожени, црните дамки на жолчката се лош знак, додека јајцето без жолчка претставува исклучително лош знак и голема несреќа.

10. Кога ќе видите пајак на вас, на вашиот костум, ве чека ненадејна среќа. 11. Ако гавран прелета над вашата куќа и испушти звук додека го прави тоа, пазете се од несреќа.

12. Кога ќе му помогнете на куче, мачка или кое било животно во неволја, добротворството ќе ви се врати. 13. Изедете ја првата љубичица што ќе ја најдете напролет – вашите најблиски ќе ве сакаат цела година.

Прочитајте следно: “Еве како да ја окадите куќата за да ви тргне кон подобро и за здравје на домашните“ – ОВДЕ. Текстот продолжува подолу…

Еве како да ја окадите куќата за да ви тргне кон подобро и за здравје на домашните

14. Истурено кафе – ако се истури кафе во куќата, тоа претставува скорешна парична добивка. 15. Не треба да го менувате вереничкиот прстен, за да не се преврти животот наопаку.

16. Ако туѓото куче дојде пред куќа и лае, тоа е знак на среќа и кучето не треба да се избрка од таму.17. Ако ненадејно го испуштите ножот и тој падне, ќе дојде маж во вашата куќа. Напротив, ако ја испуштите вилушката, ќе ви дојде жена.

18. Облека на маса – ако на масата се стават чевли или облека, некој од домашните ќе се разболи или ќе му се слоши. 19. Доколку се спомене некаква несреќа, болест или било каква лоша работа, треба да се поместите од местото – за да не ви се случи истото.

20. Прекрстени раце – не е соодветно да седите во куќата со скрстени раце бидејќи тоа навестува несреќа или тага. 21. Кога некој ќе замине од дома на долго патување, не е прикладно тој ден да се позајмува нешто од дома, бидејќи патувањето ќе биде многу несреќно за тој патник. 22. Кој пие кафе од скршена чаша, ќе се омажи со вдовец или ќе се ожени со вдовица.

Се верува дека мравките ги навестуваат идните настани: Еве кога претскажуваат ЗЛО и носат НЕСРЕЌА во домот

Според едно древно верување, мравките можат да го навестат развојот на позитивни и негативни настани што наскоро ќе се случат во вашиот живот.

Не е тајна дека мравките се исклучително вредни, посветени, вешти и многу организирани инсекти. Живеат по строги правила, познати се по тимската работа и секогаш се ангажирани.

Но, дали знаевте во верувањата за тоа дека однесувањето на овој инсект може да укаже на одредени настани?

Мравките се симбол на сила, трудољубивост, волја, искреност, единство, трпение, решителност, издржливост, пожртвуваност и лојалност. И покрај нејзината големина, мравката како духовно суштество има огромна сила и упорност да ги постигне своите цели, потсетувајќи дека ништо во животот не е лесно без труд.

Симболично, мравката претставува среќа и укажува на можност што може да ви го промени животот. Оваа промена може да влијае на вашиот професионален и личен живот.

Ако се занимавате со повеќе задачи и се чувствувате преоптоварени, време е да почнете да ги организирате вашите приоритети и да се фокусирате на нешто важно за вас, на тој начин подобро ќе го испланирате животот и ќе уживате во другите активности.

Мравките исто така можат да го навестат развојот на позитивни и негативни настани што наскоро ќе се случат во вашиот живот.

Црните мравки укажуваат на добри вести. Ако видите црни мравки како се шетаат низ вашата куќа, тоа значи дека наскоро ве очекува богатство.

Црните мравки кои излегуваат од кутијата со ориз значат дека наскоро ќе добиете пари од некаде. Ако на местото каде што чувате златен накит се најдат мравки, тоа значи дека ќе добиете златни предмети.

Ако мравките доаѓаат од север, тоа укажува на среќа, а ако доаѓаат од југ, тоа значи профит. Мравките што маршираат од исток значи дека можеби ќе слушнете некои негативни вести, а доколку се присутни во правец на запад, големи се шансите наскоро да заминете во странство.

Иако црните мравки се сметаат за поволни и укажуваат на среќа, мир и просперитет, тие не треба да бидат присутни во огромен број. Ако вашата куќа е полна со мравки, преземете соодветни чекори за да им го покажете излезот.

Се верува дека црвените мравки носат лош знак, па ако ги видите во вашата куќа, веднаш отстранете ги.