УНГАРСКИ КАПКИ за утринска вкочанетост, реума, отечени зглобови, гихт

Унгарската водичка, тинктура или капки (Ларендогра) потекнува од времето некаде пред 14 век, но точниот датум на рецептот е изгубен во историјата. Некои извори наведуваат дека лекот го изумил дворскиот алхемичар кој исто така бил и монах, за потребите на кралицата св.Елизабета Унгарска.

Имено, според средновековната легенда, оваа тинктура служела за убавина и за масирање на парализираните нозе на кралицата која боледувала од гихт и реума.

Унгарските капки за првпат се појавиле во Европа во 1370 година кога ги добил кралот Карло V Мудриот и оттогаш тинктурата станува многу популарна во елитните кругови.

Најстарите сочувани рецепти споменуваат дестилација на свеж рузмарин (и веројатно мајчина душичка) со силен вињак, а некои надградени формули содржат лаванда, маточина, жалфија, цвет од портокал, лимон и некои други билки.

Унгарската тинктура била многу позната во минатото, но нејзините лековити својства се користат до ден денешен.

УНГАРСКИ КАПКИ РЕЦЕПТ:

Летно време се бере цвет од лаванда: се кинат само виолетовите мали ливчиња кои се ставаат во мала стаклена тегла во која се налева алкохол (може и комова ракија), 1-2 см да бидат прекриени цветчињата.

Од рузмаринот се кинат ливчињата од стебленцата, се сечкаат и се ставаат исто така во стаклена тегла, па се прелеваат со алкохол (може комова ракија) 1-2 см да биде прекриена билката.

Билките не смеат да се стискаат, се прекриваат 1-2 сантиметри со алкохол, се затвораат теглите и се чуваат на топло и тоа: рузмаринот еден месец, лавандата 2 месеци.

Се процедува на ленена крпа и се чува на топло, во темно шише.

Во стаклена тегла се мешаат 3 дела тинктура од рузмарин со еден дел тинктура од лаванда – ги добивате Унгарските капки.

УПОТРЕБА:

Орално, по 2-3 капки, не повеќе, иако некои сугерираат дека може да се консумира и по мало кафено лажиче на ден.

Надворешно се мачка на болните места.

Овие капки одлично ја сузбиваат утринската вкочанетост и отеченост на зглобовите од рацете и нозете, за ревматични зглобови и болки, артритис и гихт.

Loading...