Потребни состојки:

7 белки

7 лажици шеќер

3 лажици брашно

150 г мелени ореви

50 г ситно сечкани ореви

1/2 прашок за печиво

1 лажица несквик или какао

малку млеко за прелевање на корите

За фил:

7 жолчки

7 лажици шеќер

1 пудинг од ванила

4 лажици брашно

500 мл млеко

100 путер/маргарин

100 г чоколадо за готвење

+50 г чоколадо

100 мл млеко

Постапка:

Белките изматете ги во цврст снег, додадете шеќер, па постепено и полека додавајте ги останатите состојки.

Печете на 180 степени околу 25 минути.

Изладена, пресечете ја кората на два дела. Сега ја печев во калап за торти, а инаку ја правам во помала четвороаголна тепсија 20х30 см.

Жолчките изматете ги, додадете шеќер, пудинг и брашно.

Млекото ставете го на оган да зоврие, додадете ја смесата и мешајте кратко, тргнете од оган и мешајте уште малку. Брзо згуснува. Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер и измиксајте.

Кремот поделете го на два дела. Едниот останува жолт, а во вториот се додава 50 г растопено чоколадо или 2 лажици несквик или чоколадо во прав.

100 г чоколадо растопете и додадете околу 100 мл млеко (да добиете убав крем).

Загрејте малку млеко со несквик и премачкајте ја првата кора, преку неа премачкајте половина од чоколадото (јас премачкував со четка), па преку се нанесува жолт фил, па се става втората кора, па црниот фил со чоколадо.

Наросете со рендано чоколадо и мелени ореви.