Тестото е многу лесно за изработка, а печивото колку подолго стои, толку е подобро.
Потребни состојки: 800 г брашно, 40 г квасец (1 коцка), 2 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 250 мл млако млеко,, 150 мл масло, 250 г маргарин на собна температура, 2 жолчки за тестото, 2 белки за премачкување на тестото и сусам за наросување
Постапка: Во млакото млеко издробете го квасецот, додадете шеќер и промешајте додека да се растопи. Путерот пенасто изматете го со миксер, па додадете ги жолчките и соединете ги со путерот.
Потоа додадете масло и растопениот квасец.Уште малку изматете со миксерот. Постепено додадете брашно и сол и матете додека може со миксер, а потоа продолжете да месите рачно.
Ако тестото е многу меко и лепи на раце, додадете сосем малку и продолжете со месење додека тоа почне да се одвојува од ѕидовите на садот и не се лепи. На малку набрашнета површина развлечете кора со дебелина од еден прст и вадете форми со калап во ваша желба или исечете го на стапчиња.
Стапчињата редете ги во плех обложен со хартија и премачкајте ги со белка од јајце. Одозгора наросете ги со сусам, ким, крупна сол или по желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.