Home закуска Печени пиперки полнети со урда – едноставен домашен рецепт со прекрасен вкус

Печени пиперки полнети со урда – едноставен домашен рецепт со прекрасен вкус

przeni piperki polneti so sirenje za predjadenje

Ако барате едноставен начин да подготвите нешто вкусно од неколку основни намирници, овие печени пиперки полнети со урда се одличен избор.

Печените меснати пиперки стануваат меки и ароматични, а кремастиот фил од урда и јајце им дава нежен и богат вкус.

Рецептот е едноставен, не бара многу време, а пиперките се подготвуваат во тава со малку масло и путер. Одлични се како лесен ручек, вечера или вкусен прилог кон главното јадење.

piperki polneti so urda przeni vo tavaspremni piperki so urda

Потребни состојки

9 големи црвени меснати пиперки
180 г урда
1 јајце
20 г путер
2–3 лажици маслиново масло
лук во прав по вкус
сол по вкус

Начин на подготовка

Пиперките измијте ги и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 200 °C околу 13 минути, односно додека омекнат и благо не се потпечат.

Оставете ги кратко да се изладат, а потоа внимателно излупете ги. Направете отвор долж едната страна на секоја пиперка и отстранете ги семките, внимавајќи пиперките да останат цели. Посолете ги по вкус.

Во сад ставете ја урдата и додајте го јајцето. Зачинете со лук во прав и малку сол, па добро измешајте додека да добиете рамномерна смеса.

<

Со подготвениот фил внимателно наполнете ги пиперките.

Во широка тава ставете го маслиновото масло и путерот и загрејте ги на умерена температура. Кога путерот ќе се растопи, наредете ги наполнетите пиперки во тавата и покријте ги со капак.

Гответе ги околу 6 минути од едната страна, на умерена температура. Потоа внимателно превртете ги и продолжете со готвењето уште 6 минути од другата страна, повторно под капак.

Кога пиперките ќе добијат нежна, благо запечена површина, тргнете ги од оган и послужете ги топли.

Совет

За овој рецепт најдобро е да изберете големи, зрели и меснати црвени пиперки, бидејќи полесно се полнат и имаат особено убав вкус по печењето.

Пиперките може да ги послужите самостојно со свежа салата, како лесен оброк или како прилог кон месо и други главни јадења. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: