Снежни бели кокос коцки за 15 минути – фантастичен колач со нежен вкус, торта не му е рамна

Постапката за приготвување на овој колач е многу едноставна, а истата можете да ја погледнете подолу, под пишаниот рецепт.

Потребни состојки:

100 г мелени биксвити
150 г путер/маргарин
160 г кокосово брашно
100 мл слатка павлака
сок од 1 портокал (за подлогата одземете 3 лажици цеден сок од портокал)
2 лажици шеќер во прав

за фил:

100 г чоколадо со ориз – ситно исечкано
500 мл млеко
200 г шлаг
остатокот од сокот од портокал

За украсување:

Loading...

Малку растопено чоколадо или шлаг
Малку масло за премачкување на тепсијата

Постапка:

Во подлабока чинија ставете ги состојките за подлогата и добро измешајте. Во оваа смеса се додаваат 3 лажици сок од портокал, а остатокот се користи во филот.

Добиената смеса ровка, но добро се формира. Излејте ја во намастена тепсија со средна величина и добро напкајте. Оставете ја во фрижидер за да се стегне додека го матите шлагот.

Со миксер изматете го шлагот со постепено додавање на млекото. Пред крај додадете сок од портокал и матете додека да се добие цврста пена.

Додадете ситно сечкано чоколадо со ориз и промешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи.

Кремот рамномерно распоредете го врз подлогата, па ставете го колачот во фрижидер добро да излади. Потоа можете да го украсите по желба. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Loading...