Меки, сочни и преполни со вкус – совршен семеен ручек за секој ден
Доколку барате брз, едноставен и вкусен ручек што ќе ги собере сите околу трпезата, овие печени пиперки полнети со сирење, јајца и сланина се вистинскиот избор.
Комбинацијата од меко печена пиперка, кремаст фил и ароматична сланина создава богат вкус кој тешко се заборава.
Рецептот не бара комплицирана подготовка, а резултатот е хранлив домашен оброк кој одлично се вклопува во семејното мени.
Послужени со свежа салата и домашна погача, овие полнети пиперки се идеален избор за ручек или лесна вечера, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки
* 12 пиперки
* 550 г фета сирење
* 2 јајца
* 50 мл масло
* 250 г сланина, ситно исечкана
* 3 лажици масло за преливање
* 1 лажица сув магдонос
* сол по вкус
* НМД

Постапка
1. Измијте ги пиперките, отстранете ги петелките и исчистете ги од семките.
2. Во подлабок сад издробете го фета сирењето со виљушка. Додајте ги јајцата и маслото, па добро измешајте додека да добиете кремаста смеса.
3. Ситно исечкајте ја сланината и додајте ја во филот. Измешајте за сите состојки рамномерно да се соединат.
4. Намачкајте тава за печење со малку масло.
5. Наполнете ја секоја пиперка со подготвениот фил и наредете ги една до друга во тавата.

6. Одозгора прелијте со малку масло, посипете со сув магдонос и по желба додајте малку сол.
7. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути, односно додека пиперките омекнат и добијат убава златнорумена боја.
Совети за послужување
Овие печени полнети пиперки најдобро се комбинираат со свежа македонска салата, топла домашна погача или парче интегрален леб.
Секој залак е сочен, кремаст и богат со вкусови, што ги прави одличен избор за семејни ручеци и викенд менија.
Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































