Посна погача мека како памук – почнав да ја правам за Велигден, а сега ми ја бараат секоја недела

Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ

Потребни состојки:

700 г брашно
2 лажички сол
1 лажиче шеќер
2 лажици масло
1 коцка свеж квасец
се замесува со млака вода

Постапка:

Од вкупната количина брашно се одвојува малку, се додава во сад со издробен свеж квасец и лажиче шеќер. Се додава малку малку вода и се меша додека да се растопат квасецот и шеќерот, па се остава 10-тина минути тој да запени и да се активира.

Откако квасецот ќе ферментира, додадете го во преостанатото брашно, заедно со две лажици масло и две лажички сол, па постепено се додава млака вода и се меси додека да се добие мазно тесто.

Тестото се остава на топло за да се удвои, а потоа се развлекува со оклагија во кора. Се сечат ленти, а секоја лента се витка. Се сече на исти парчиња и според величината на тепсијата се редат хоризонтално, во два реда.

Во средината се редат исправено, како ружички. Вака формираната погача се премачкува со јајце и се наросува со сусам, па се пече во загреана рерна на 220 степени додека да зарумени.

Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ

Loading...