ДИЕТА 21 ДЕН: исхрана со која не гладувате, а килограмите летаат како со рака однесени!

Сите што сакаат да ослабат ќе ги израдува овој режим на исхрана, бидејќи се дозволени и слатки закуски.

Диетата која трае 21 ден функционира по принцип на исхрана која во калориска смисла е ограничена.

Ригорозните диети “палат” само на краткорочни патеки, а после престанокот на диетата и строгиот режим на исхрана, килограмите најчесто се враќаат, а некогаш и се зголемуваат.

За успешно да ги промените животните навики, потребно е да се оснесувате на одреден начин, барем 21 ден.

Токму затоа, бројни диети се организирани во три седмици, за да може телото да се навикне на новиот начин на исхрана.

Во зависност од тоа колку вишок килограми имате и која е тежината по која чезнеете, плановите на исхрана се движат во категории од 1200 до 1500 калории, од 1500 до 1800 калории, односно од 1800 до 2100 калории.

Во текот на денот се јадат 6 помали оброци, приближно на секои 3 часа. Акцент се става на непроцесуирани намирници како што се белковини, витамини и минерали, а се намалува внесот на јаглени хидрати.

Дозволени се и мали слатки залаци, а со оглед на тоа што се внесуваат помалку калории од вообичаено, килограмите се топат дури и без вежбање.

Редовната физичка активност не би требало да се одбегнува, а резултатите ќе бидат уште поголеми ако во секојдневната рутина вметнете пешачење, велосипедизам, теретана или некој друг вид на раздвижување.

Основната идеја е да се усвојат нови навики во исхраната и да се навикнете на поздрав начин на живот, кој со текот на времето ќе донесе видливи резултати во огледалото.

Пример за МЕНИ од 1200 до 1500 калории:

Појадок во 9 ч: 2 варени јајца, мал мафин приготвен од од овесни снегулки, банана и боровинки, кој сами сте го испекле.

Ужина во 11 ч: 2 супени лажици путер од кикирики со 1 парче крекер од ориз.

Ручек во 13 ч: Салата приготвена од 115 г варено пилешко, 150 г домат, 50 г свежа пиперка, 100 г зелена салата, 1 мало лажиче масло, 1 мало лажиче јаболкова киселина.

Ужина во 14 или 15 часот: 12 бадеми.

Вечера во 18 часот: 150 г мелено месо со печена тиквичка, 1 овошје за десерт печено или варено.

Ужина во 20 ч: Мала чинија пуканки без многу сол.

Пример МЕНИ од 1800 до 2100 калории:

Појадок во 9 ч: 100 г овесна каша, 3 супени лажици путер од бадем, 200 г свежи бобинки.

Ужина во 11 ч: едно парче интегрален леб со четвртина авокадо и 50 г домат.

Ручек во 13 ч: 230 г мелено мисиркино со 100 г домат, 50 г кромид и сечкано зеље, 50 г пиперка, 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка каболкова киселина.

Ужина во 15 ч: 1 краставица со 150 мл нискокалоричен јогурт.

Вечера во 18 ч: 200 г месен нарезок, 100 г варен компир со 1 лажичка маслиново масло, 150 г варени мешунки и 50 г печурки.

Ужина во 20 часот: 1 банана.

Loading...