ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА СО СИРЕЊЕ….Подобра од било која пита…Овој рецепт запишете си го…

Иако тестото содржи квасец, ова тесто не се остава да ферментира, туку веднаш се развлекува, филува и става на печење. Еве што ви е потребно според презентацијата на Валентина Машковиќ:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млака вода
1 јајце на собна температура
30 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
2-3 лажици брашно
1 лажица путер, маргарин или маст (омекнат на собна температура)
350-400 грама пченкарно брашно
300 г пченично (бело) брашно + 200 г за посипување
250 грама путер, маргарин или маст за премачкување
200-250 грама сирење
2 јајца

ПОСТАПКА:

Во топлата вода додајте квасец, јајце, шеќер, една лажица путер и 2 лажици пченично брашно. Додајте пченкарно брашно и промешајте.

Постепено започнете да го додавате пченичното брашно, посолете и замесете компактно, меко тесто, да се одвојува од ѕидовите на садот.

Откако убаво ќе го замесите тестото, истресете го врз работна површина која сте ја посипале со една рака пченкарно и една рака пченично брашно, па поделете го на 3 до 4 дела и секој дел развлечете го што потенко со праволаголен облик.

Премачкјате го со путер преку цела површина, а потоа здиплете го како книга (како за лиснато тесто) така што секоја нова површина ќе ја премачкувате со путер.

Здипленото тесто посипете го со брашно и внимателно развлечете го повторно според големината на тепсијата (обложена со хартија за печење) во која ќе се пече.

Премачкајте ја со путер и посипете рендано сирење, па поклопете го со друго тесто и така додека да ги потрошите состојките.

Кога ќе ја поставите и последната кора, исечете ја питата површински на коцки и одозгора прелијте ја со мешавина од сирење и 2 изматени јајца.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени и печете околу половина час. Послужете ја топла. Деталите од презентацијата на Валентина погледнете ги ОВДЕ.