Нашите предци практикувале обичаите поврзани со Новата година, верувајќи дека на тој начин ќе ја избркаат бедата и ќе привлечат изобилство и среќа во нивните животи.

Тие верувале дека 7 работи мора да се внесат во куќата пред Нова година за да име бериќет во домот.

1. Фрижидерот мора да биде полн со храна

Нека има свеж зеленчук, готвени јадења, јогурт, млеко и сирење.

2. Агруми/цитруси

Златната боја на цитрусот е бојата на благосостојбата. Нека секогаш има портокали и лимони на вашата трпеза.

3. Нова билка

Ставете прекрасно ново растение во источниот дел од дом, каде изгрева сонцето (за здравје и семејни врски) за да симболизирате здрав почеток. Овде можете да ставите и неколку прекрасни цвеќиња кои го симболизираат вашето добро здравје во наредната година.

4. Земете мало ѕвонче и од време на време поѕвонувајте

Може да биде и украс за елката, главно треба да се слуша неговото одѕвонување. Го симболизира доаѓањето на добрата вест во куќата.

5. Прикачете нов календар

Има ли подобар начин да ја дочекате Новата година од тој, да ја исфрлите старата? Отстранете ги сите стари календари и прикачете нов.

6. Наполнете го паричникот

Во Новата година никогаш не смеете да влезете со празен паричник.

7. Фигурина од жаба

Се смета дека жабите носат пари во домаќинството, особено кога се поставени до вратата.