Оваа торта е толку вкусна што ја правам секој викенд! Без брашно, без јајца… Овој брз и лесен рецепт може да го направи секој дома, дури и ако немате кулинарски вештини! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г бисквити, 120 грама шеќер, 60 грама какао во прав, 250 мл млеко, 60 грама путер, 1 прстофат ванила. Состојки за глазурата:, 100 грама темно чоколадо, 130 мл слатка павлака 33%

ПОСТАПКА: Со раце скршете ги бисквитите на крупни парчиња. Во едно тенџере сипете шеќер и помешајте го со какао во прав. Малку по малку додавајте млеко додека мешате со рачна маталка. Треба да добите густа, но мазна смеса без грутчиња.

Ставете на иган и загревајте на умерена температура со непрекинато мешање. Кога малку ќе згусне, додајте ги ванилата и путерот и продолжете со мешање додека да се растопи и инкорпорира.

Смесата сипете ја врз кршените бисквити и промешајте. Кога ќе се изедначи, рамномерно распоредете ја во некој помал калап по ваш избор обложен со хатија за печење или со стреч-проѕирна фолија.

Израмнете и оставете да се олади на собна температура, а потоа и во фрижидер. Извадете ја и ставете ја врз решетка, па прелијте ја со чоколадната глазура (павлаката и чоколадото растопете ги на пареа или микробранова печка и добро измешајте ги да се соединат).

Оставете да се стегне чоколадната глазура, па послужете. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Меден чоколаден десерт готов за 15 минути – одличен избор кога сакате да се засладите набрзина“ – ОВДЕ.

Меден чоколаден десерт готов за 15 минути – одличен избор кога сакате да се засладите набрзина