„Мајка ми не можеше да се движи од болки во нозете поради варикозните вени и чувство на тежина во нозете. Одамна е познато дека лукот помага во природното лекување на овие состојби и за здравје на целиот кардиоваскуарен систем.

Овој домашен препарат се приготвува од суви каранфилчиња, лук и маслиново масло. Ги зајакнува крвните садови, ја подобрува циркулацијата и ослободува од болки во нозете, особено после станување.

Каранфилчињата се познати по антиинфламаторниот ефект и ублажување на болките. Лукот освен што ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и спречува згрутчување. Маслиновото масло има одлични антиоксидативни и антиинфламаторни својства.“ Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици каранфилчиња, 6 чешниња лук, 200 мл маслиново масло

ПОСТАПКА: Сомелете во прав две супени лажици суви каранфилчиња. Сипете во стаклена тегла. Лукот излупете го и истиснете го низ преса или изрендајте го, па додајте го во теглата со каранфилчето.

Залијте со маслиново масло и промешајте. На дното од едно тенџере ставете крпа и наполнете го со вода. ставете ја теглата внатре, а водата треба да допира 2/3 од висината. Од моментот на зовривање оставете да се вари 15 минути.

Оставете да се излади до собна температура, па процедете го маслото во чиста стаклена тегла. Чувајте на суво, ладно и темно место. УПОТРЕБА: мачкјате ги болните места и ставајте облоги, најдобро навечер и оставете да делува што подолго.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе корисни рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.

Следно прочитајте: „ТРОМБОЗА, ПОПУШТЕНИ И ПОДУЕНИ ВЕНИ: Ефикасен природен лек од две состојки“ – ОВДЕ.

ТРОМБОЗА, ПОПУШТЕНИ И ПОДУЕНИ ВЕНИ: Ефикасен природен лек од две состојки