Најубавите рафаело кифлички – меки ко облачиња

Потребни состојки за тесто:

250 г путер/маргарин

200 мл јогурт

1 шолја (200 мл) шеќер

1 прстофат сол

600 г брашно

50 г кокос

1 кесичка прашок за печиво

1 ванилин шеќер

За фил:

600 мл млеко

2 пудинзи од ванила

100 г кокос

4 лажици шеќер

1 лажица арома од ванила

За поросување:

шеќер во прав
кокос

Постапка:

1.

Прво пригответе го филот: Во еден сад ставете 500 мл млеко, ставете на оган да зоврие заедно со шеќерот и ванилата.

Во остатокот од млекото разматете го пудингот. Кога млекото ќе проврие, тргнете од оган па додадете го пудингот. Мешајте постојано, вратете на оган додека да се згусне. Додадете кокос и промешајте.

2.

За тесто: Омекнете го путерот, додадете шеќер и матете со миксер, додадете ванилин шеќер, прстофат сол и 1 јајце, па заедно изматете и додадете јогурт.

#

Изматете па додадете 50 г кокос и брашно, но не целата количина туку околу 500 г и прашом за печиво. Кога ќе го додадете брашното мешајте го тестото со дрвена лажица и полека додадавајте го остатокот од брашното. Тестото треба да биде меко, но не смее да се лепи.

3.

Поделете го на два дела и развијте со оклагија. Тестото развлечете го на побрашнета површина и одозгора поросете брашно. Нека биде со дебелина од 3 мм ниту многу дебело, ниту претенко.

Сечете со нож на 16 тријаголници, а доколку сакате помали кифлички, можете и на 32.

4.

Филот со кокос поделете го на 2 дела. Правете топчиња со величина помала од орев, па правете ваљачиња така да може да застанат во тријаголничињата (вкупно 16 или 32), па завиткајте во кифлички.

5.

Кифличките завиткувајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени 15 минути да заруменат, а потоа вадете ги од рерна. Треба повеќе да останат бели. Поросете ги со кокос и шеќер во прав додека се топли.

Претходна статијаМанастирска пита – посно на вода!
Следна статијаВлагата и мувлата се тивки убијци – еве како да утврдите дали во вашата куќа има влага