ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 модри патлиџани, малку масло, зачини по желба, 240 г фета сирење или моцарела (по вкус), 2 чешниња лук, 2 лажици маслиново масло, 1 китка свеж магдонос, шери домати

ПОСТАПКА: Патлиџаните исечете ги на ленти со дебелина од 1.5-2 см, малку посолете ги од двете страни и оставете ги да отстојат 15-тина минути. Патлиџаните наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги со масло и наросете ги со зачини по вкус.

Ставете ги да се печат половина час во рерна загреана на 200 степени. Во меѓувреме направете го филот: иситнете го сирењето, додајте рендано лукче, маслиново масло, ситно сечкан свеж магдонос, па сето измешајте го да се изедначи.

Печениот патлиџан оставете го малку да се подизлади и секоја лента премачкјате ја со подготвениот фил од сирење. Ролничките прицврстете ги со дрвена чепкалка и декорирајте со шери доматчиња.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „РОЛНИЧКИ ОД МОДАР ПАТЛИЏАН И МЕЛЕНО МЕСО: Неповторлив вкус, ова јадење ми е фаворитно“ – ОВДЕ.

РОЛНИЧКИ ОД МОДАР ПАТЛИЏАН И МЕЛЕНО МЕСО: Неповторлив вкус, ова јадење ми е фаворитно