Викенд-пирошки со сирење – економичен и брз рецепт за меко и крцкаво домашно пециво
Ако барате брз, економичен и вкусен рецепт за појадок или вечера, овие домашни пирошки со сирење се вистински погодок.
Се подготвуваат со едноставни состојки што речиси секогаш ги имаме дома, а резултатот е меко однатре и крцкаво однадвор пециво кое совршено се комбинира со јогурт, свеж домат или чаша кисело млеко.
Овој рецепт е идеален за семеен оброк, викенд-појадок или брза вечера кога сакате домашен вкус без многу трошоци и долго чекање.
Благодарение на едноставното тесто без млеко и јајца, пирошките остануваат меки и следниот ден, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки
За тестото:
* 400 мл млака вода
* 1 лажичка шеќер
* 2 лажички сол
* 8 г сув квасец или 25 г свеж квасец
* 1-2 лажици масло
* 550 г брашно
За филот:
* сирење по вкус
* 1 лажица цврст јогурт (кисела павлака)
* НМД
За пржење:
* масло по потреба


Постапка
1. Во подлабок сад сипете ја млаката вода, додајте го квасецот и шеќерот, па кратко промешајте.
2. Додајте сол и постепено сипете го брашното. Замесете меко и еластично тесто.
3. На крај додајте 1-2 лажици масло и продолжете со месење додека тестото стане мазно.
4. Покријте го садот и оставете го тестото да одмори околу 15-20 минути на топло место.
5. Подготвеното тесто поделете го на 12 еднакви топчиња.
6. Во сад измешајте сирење и 1 лажица цврст јогурт (кисела павлака) за филот да биде покремаст.
7. Секое топче развлечете го со раце во тенка кора. Ако тестото се суши, лесно натопете ги прстите со вода.
8. Во средината ставете од филот, па внимателно затворете ги краевите за сирењето да не истекува при пржењето.
9. Во подлабока тава загрејте масло и пржете ги пирошките додека добијат златножолта и крцкава кора од двете страни.
10. Ставете ги на хартија за впивање вишок масло и сервирајте ги топли.
Совети за совршени пирошки
* Колку потенко ќе го развлечете тестото, толку пирошките ќе бидат помеки и повкусни.
* Може да ги наполните и со кашкавал, компир, спанаќ или мешавина од сирење и сув босилек.
* Одлични се и за носење на работа, училиште или како брз семеен ручек.
* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:



































