Home закуска Тиквички повкусни од пица: Брз домашен рецепт што сите го подготвуваат ова...

Тиквички повкусни од пица: Брз домашен рецепт што сите го подготвуваат ова лето

пица со тиквички

Рецепт со тиквички што освои илјадници домаќинства: Брзо, вкусно и евтино

Крцкави тиквички со јајца и зеленчук – идеален ручек или вечера за целото семејство

Ако барате брз, вкусен и економичен оброк што се подготвува со едноставни состојки, овој рецепт со тиквички и јајца ќе ве воодушеви уште по првиот залак.

Крцкава кора, меко и сочно однатре, а вкус што потсетува на омилените домашни пити и солени печива. Одличен избор за лесен ручек, вечера или викенд оброк што совршено се комбинира со јогурт или освежителен сос.

Овој рецепт станува сè попопуларен бидејќи е практичен, евтин и заситувачки, а воедно содржи состојки што често ги имаме дома.

Совршен е и за оние што бараат идеи за поздрава домашна исхрана и сезонски рецепти со зеленчук, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

пица со тиквичкипица со тиквички

Потребни состојки:

За основата:

* 2 тиквички
* сол по вкус
* црн пипер по вкус
* сув лук по вкус

За смесата:

* 4 јајца
* 150-200 мл млеко
* 120 мл газирана вода
* сол по вкус
* 250 г брашно

За зеленчукот:

* 1 црвен кромид
* 2 пиперки

За премачкување:

* малку масло

За сосот:

* 200 г цврст јогурт (или кисела павлака)
* сув копар или свеж копар по вкус
* НМД

пица со тиквички

Постапка:

Тиквичките измијте ги и по желба излупете ги. Ако се млади и со тенка кора, можете да ги користите и со кора за побогат вкус и повеќе хранливи состојки. Исечете ги на тенки кругови.

Посолете ги, додајте црн пипер и сув лук, па оставете ги да отстојат околу 5 до 10 минути.

Во длабок сад изматете ги јајцата. Сипете млеко и газирана вода, додајте сол, па постепено додајте го брашното. Матете додека да добиете мазна смеса.

Ако се појават грутчиња, смесата кратко изблендирајте ја или процедете ја низ метално сито.

Тавата за печење обложете ја со хартија за печење и премачкајте ја со малку масло.

Наредете ги тиквичките, а одозгора распоредете го ситно исечканиот црвен кромид и пиперките. Прелијте со подготвената смеса.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути, со вклучен вентилатор, додека да добие златнорумена боја.

Во меѓувреме подгответе го сосот така што ќе измешате цврст јогурт со сув или свеж копар.

Послужете додека е топло, со освежителен сос и сезонска салата.

Совети за уште подобар вкус:

* За побогат вкус можете да додајте малку рендан кашкавал.

* Одлично се комбинира со јогурт, кисело млеко или лесен млечен сос.

* Идеален рецепт за летни денови кога сакате брз ручек без многу трошоци.

* Овој тип домашни рецепти е сè популарен кај семејствата што бараат практични идеи за здрава исхрана и паметно планирање на домашниот буџет.

* Постапката погледнете ја во видео рилогот ОВДЕ:

https://youtu.be/8t0xMvcwlWA?si=3o36tZq-i_aNpfce