ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 600 г брашно, 8 г сол, 2 јајца, 300 мл млеко, 100 мл масло за премачкување. ЗА ФИЛ: 500 г сирење, сол по вкус, малку свеж магдонос и копар (или фил по желба). За премачкување: 2 жолчки, 10 мл масло

ПОСТАПКА: Сите потребни состојки за тестото треба да бидат на собна температура. Во подлабок сад замесете средно меко тесто, па кога ќе престане да се лепи за рака истресете го на работна површина и поделете го на 8 делови.

Од секој дел обликувајте топче. Оставете ги покриени да отстојат 5-10 минути, па на малку набрашнета површина со оклагија развлечете ги во тркалезни кори. Првата кора поставете ја врз чинија и премачкјате ја со масло врз целата површина.

Наредете ги корите една врз друга и секоја убаво премачкјате ја со масло. Покријте ги со кеса или стреч-фолија и оставете ги да одморат 15 минути. Потоа извадете ја горната и поставете ја врз мазна површина.

Внимателно и рамномерно развлечете ја од сите страни додека да се рашири и стане проѕирна. Распоредете фил преку целата кора, па внимателно свиткајте во ролат.

Првиот ролат свиткајте го спирално како полжав, а останатите надоврзете ги околу него за да се исполни тепсијата (30 см) обложена со хартија за печење.

Питата премачкјате ја со изматени жолчки во кои сте додале малку масло. Ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 180 степени.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Домашен бурек, подобар од бурекчилница: повеќе нема тајни – секој може дома да си го приготви ова вкусно јадење“ – ОВДЕ.

Домашен бурек, подобар од бурекчилница: повеќе нема тајни – секој може дома да си го приготви ова вкусно јадење