ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 пилешки гради, сол и црн пипер, 6-10 ленти кашкавал, 6-10 ленти шунка, 13-20 ленти сланина

ПОСТАПКА: Отворете ги пилешките гради, посолете ги и зачинете ги, па со специјален чекан истенчете ги колку можете потенко. Наредете ги врз парче проѕирна стреч-фолија, едно до друго, но малку да се преклопуваат на краевите.

Одозгора наредете ленти кашкавал да се покрие целата површина (може и рендан), а потоа и шунка/печеница или нешто сувомеснато. Со помош на фолијата свиткајте го ролатот и оставете го во фрижидер еден час за да се стегне.

Потоа, врз друг лист проѕирна фолија наредете тенки листови од сланина, една до друга, но малку да се преклопуваат на краевите. На едниот крај ставете го ролатот од пилешко месо, па заедно со сланината внимателно свиткајте го ролатот.

Целиот ролат треба да биде обложен со сланината. Ставете го да се пече 40 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се подизлади, па сечете го на парчиња и послужете го.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „НАЈВКУСНИОТ МЕСЕН РОЛАТ: Не знаете дали е подобар топол или ладен – ова е најдобриот рецепт“ – ОВДЕ.

НАЈВКУСНИОТ МЕСЕН РОЛАТ: Не знаете дали е подобар топол или ладен – ова е најдобриот рецепт