Кога сакате нешто брзо, домашно и вкусно, старата добра проја е секогаш вистински избор.
Овој рецепт се подготвува без вага и без комплицирани чекори – сите состојки се мерат со чаша, а резултатот е мека, сочна и миризлива проја со богат вкус на сирење.
Идеална е за појадок, лесна вечера или викенд уживање со чаша јогурт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


Потребни состојки:
* 3 јајца
* 1 чаша кисело млеко
* 1 чаша масло
* 1 чаша газирана вода
* 1 чаша пченкарно брашно
* 1 чаша бело пченично брашно
* 1 прашок за печиво
* 300 г сирење
* сусам по желба
За тепсија:
* 33 × 23 см

Постапка:
Во подлабок сад со жица кратко изматете ги јајцата. Додајте го киселото млеко, маслото и киселата вода, па промешајте додека смесата убаво се соедини.
Потоа додајте ги пченкарното брашно, белото брашно и прашокот за печиво. Мешајте додека да добиете изедначена смеса без грутки.
Сирењето изгмечете го лесно со виљушка, но не премногу, за да останат помали парчиња што ќе ѝ дадат посебна сочност на пројата. Додајте го во смесата и повторно промешајте.
Тепсијата обложете ја со хартија за печење или премачкајте ја со масло и наросете малку брашно. Истурете ја смесата рамномерно, а одозгора по желба наросете сусам.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, односно додека пројата добие убава златнорумена боја.
Највкусна е додека е топла, послужена со јогурт или кисело млеко.
Совети за совршена проја:
* За побогат вкус користете постаро сирење.
* Ако сакате уште посочна текстура, додајте малку цврст јогурт.
* Пројата останува мека и следниот ден, што ја прави одличен избор за семејни оброци и практична домашна кујна.
* Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































