Вкусот на овие лепињи ќе ве воодушеви. Ако припаѓате на луѓето кои внимаваат на својата исхрана и сакаат природна и домашна храна, тогаш запишете си го овој рецепт и направете ги гриз-лепчињата. Многу се вкусни и меки со тенка, надворешна коричка која крцка при гризнувањето. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со една чаша од 200 мл): 2 чаши топла вода (400 мл), 1 кесичка сув квасец (10 г), 1 супена лажица шеќер (15-20 г), 1 супена лажица масло за готвење (20 мл), 1 мала лажичка сол (10 г), 1 чаша гриз (120 г), 4 чаши брашно (480 г)




ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете топла вода (да не е премногу жешка, туку млака), па додајте една кесичка сув квасец и една супена лажица шеќер, па промешајте додека да се растворат состојките.




Потоа додајте една супена лажица обично масло и една чаша гриз. Повторно промешајте со лажица или кујнска маталка-жица додека да се изедначат состојките. Потоа додајте го брашното помешано со сол.




Брашното не го додавајте сето одеднаш, туку најдобро е на два или три наврати, да се додава постепено. На почетокот мешајте со лажица или кујнска шпатула додека да се впие течноста и да се создаде комапктно тесто, а потоа продожете го месењето со рака.




Тестото треба да биде средно меко, еластично и мазно, да се одвојува од ѕидовите на садот, па затоа месете го неколку минути, но не предолго. Обликувајте го во топка, пклопете го со капак или покријте го со кеса и кујнска крпа, па оставете го на топло место да ферментира еден час, додека да го удвои својот волумен.




Малку премесете го колку да се истисне воздухот од него. Намастете ја работната површина и со намастени раце истресете го врз неа. Подолете го на половина, а секој дел обликувајте го во топка.




Повторно малку намастете ја работната површина и тестото, па наросете гриз. Притиснете го тестото врз гризот за да се налепи на него од двете страни. По потреба сипете уште малку гриз, колку што е потребно, а тестата обликувајте ги како лепињи.




Тавата во која ќе се печат малку намастете ја (или намастете ги сосем малку лепињите). Поклопете со капак и оставете да одморат 20 минути. Ставете да се пече на умерено тивок оган под капак, додека долната страна да зарумени.

Потоа превртете ја лепињата врз чирока чинија, намастете ја тавата и вратете го тестото да се допече и од другата страна. Постапката повторете ја и со второто тесто. Деталите погледнете ги ОВДЕ.