ПЧЕНКАРНА ПИТА СО СИРЕЊЕ-ФАНТАЗИЈА: Нежна и многу вкусна

Оваа пита многу лесно и едноставно се приготвува, а многу е сочна. Можете да ја филувате и со сечкан спанаќ, блитва или нешто по сопствен вкус, постапката за приготвување е иста. Останатите состојки се мерат со еден ист филџан за кафе од 150 мл. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кора: 1 филџан брашно, 1 прстофат сол, половина филџан вода. ЗА ФИЛ: 3 големи јајца, 1 филџан растопен путер или масло, 1 филџан јогурт или кисело млеко, 1 филџан обично млеко, 1 филџан палента, 1/2 филџан гриз, 300 г свежо сирење, 1 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете три големи јајца или четири поситни. Изматете ги со една мала лажичка сол, со виљушка или кујнска маталка-жица. Ако сирењето што
ќе го користите не е многу солено, тогаш ставете повеќе сол, лажичка ипол.




Потоа додајте еден филџан растопен и подизладен путер или обично масло за готвење, еден филџан течен јогурт или кисело млеко, па повторно изматете додека да се соединат и изедначат состојките.




Потоа додајте 300 г ситно свежо сирење или урда. Ако користите домашно свежо сирење/урда кое е не доволно исцедено, ќе добиете малку покремаста пита, а доколку сакате филот убаво да се двои, тогаш сирењето/исцедете го добро. Како и да е, питата ќе излезе многу вкусна.




Измешајте за да се изедначи, па додајте еден филџан палента и половина филџан гриз. Доколку немате палента може да користите и обично пченкарно брашно. Додајте и една мала лажичка прашок за печиво или половина кесичка од 10 грама.




На крај додајте еден филџан обично млеко, па повторно изматете до соединување. Добиената смеса оставете ја настрана да отсои 10-15 минути (да набубри пченкарното брашно). За тоа време пригответе го тестото за кората.




Во еден сад ставете филџан брашно со прстофат сол, па со постепено додавање на вода замесете средно меко и мазно тесто. Тестенценцето е доста мало, но исто се изработува како и кога правите голема пита. Обликувајте топче и завиткајте го во кеса, да одмори 10-15 минути.




Намастете тепсија со пречник од 30 см или 32 см, па развлечете го тестото (со додавање брашно по потреба) во тенка кора со малку поголем пречник од оној на тепсијата. Преку целата површина намастете ја со малку масло. Поставете ја врз дното на тепсијата и обложете ги страните (уште малку развлечете 10 см од тепсијата).

Излејте го целиот фил во средината, распоредете, па поклопете со страните од кората (само повлечете ги кон средината). Откако ќе ја спакувате питата, одозгора наросете ја со малку масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.

Кога питата убаво ќе зарумени, извадете ја од рерна и залијте ја со мешавина од малку путер и течна павлака за готвење (или млеко). Може да ја послужите веднаш вака крцкава или да ја поклопите со друга тепсија и да ја оставите 3-4 минути колку да омекне. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаКОЛАЧ „НИНА“ – Го нареков по ќерка ми, врвен колач прелиен со сок од портокал, и мирис и вкус
Следна статијаЛЕПИЊИ ОД ГРИЗ: Меки однатре, крцкави однадвор, се прават за 5 минути