САМО БРАШНО И ВРЕЛА ВОДА: Брзи лепињи за 15 минути

На многу едноставен начин направете брзи лепињи од само брашно и топла вода. За 15 минути ќе направите појадок или вечера за целото ваше семејство. Лепињите можете да ги послужите солени, но по желба и слатки. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280-300 г меко брашно, 200 мл врела вода, 1 прстофат сол. Од оваа количина излегуваат осум лепињи, но сепак, нивниот број зависи од нивната големина, односно според садот во кој ќе ги пржите. Еве како се приготвуваат:




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете прстофат сол, залијте 200 мл врела вода (една чаша) и промешајте за да се растопи солта. Потоа започнете постепено да го додавате брашното. Не го истурајте веднаш сето, туку на неколку наврати.




На почетокот мешајте со лажица или кујнска шпатула додека брашното да ја впие водата и да добиете конзистенција на компир пире, па од тој момент додавајте по сосем малку брашно. Кога ќе стане комапктно, замесете со рака.




Кога ќе се обликува како топка, истресете го на работна површина и домесете го уште 5 минути. Тоа е сосем доволно за да стане мазне и еластично, со оглед на тоа што тестото е бесквасно. Потоа поделете го на осум приближно еднакви делови.




Секој дел од тестото обликувајте го во топче. Топчињата тесто оставете ги да одморат 10-тина минути додека вие во меѓувреме ја подготвувате тавата со маслото. Тавата ставете ја на најсилен оган, а во неа сипете масло за готвење со длабочиња од приближно 1 см.




Додека се загрева маслото вие развлекувајте ги топчињата тесто со помош на оклагија. За да проверите дали маслото е доволно загреано, наросете сосем малку брашно во него и доколку веднаш започне да пени, тогаш е спремно.




Ставете го првото тесто да се пржи, а со лажица повремено полевајте го одозгора со врелото масло за да се образуваат меури. Тестото брзо испливува на површина. Превртете го и на другата страна убаво да зарумени. Пржените лепињи редете ги врз чинија обложена со хартиена салфетка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаЛЕПИЊИ ОД ГРИЗ: Меки однатре, крцкави однадвор, се прават за 5 минути