„Ова тесто е навистина предобро. Меко и вкусно како памук, а толку лесно се подготвува. Најмногу ми се допаѓа кога по изгледот на тестото се забележува какво ќе биде на вкус, а овој рецепт е навистина одличен“, вели Александра.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г меко пченично брашно (тип 450, 480 или 500), 450 мл топло млеко, 150 г јогурт, 50 г путер, 10 г сув квасец (1 и пол кесичка или 30 г свеж квасец, 2/3 коцка), 1,5 лажичка шеќер (околу 10 г) и 1,5 лажичка сол (15 г).




ПОСТАПКА: Во помал но широк сад ставете го целото брашно и на средина направете мала вдлабнатина. Во неа додајте ги сувиот квасец и 1,5 лажичка шеќер. Малку потстоплете го млекото (не смее да зоврие, туку само да се замлачи) и само малку додајте онаму каде што го ставивте квасецот.




Промешајте на средина колку само квасецот малку да се растопи и оставете 5 минути. Додајте на страна во брашното 1,5 лажичка сол, а во средината 150 г јогурт и 50 г путер кои треба да бидат отстојани на собна температура и на крај додајте го остатокот од млекото.




Од овие состојки замесете тесто, но не го месете премногу, туку колку само сите состојки да се соединат. Не е потребно премногу да го работите, бидејќи на почетокот треба да биде доста меко.




Важно е само да ги соберете сите остатоци од чинијата во тестото, да нема суви состојки наоколу. Исто така, не додавајте повеќе брашно, иако тестото е лепливо, оставете го такво какво што е.




Покријте го со памучна крпа и оставете го да стасува 15-тина минути на собна температура. Потоа додајте уште малку брашно и замесете фино и меко тесто, нелепливо под прсти. Месете додека да добиете фина и изедначена структура со минимално додавање на брашно.




Потоа повторно оставете го тестото да стасува околу 30-тина минути исто како и претходно. По изминатото време, наросете ја работната површина со малку брашно и префрлете го тестото на неа. Развлечете го тестото прво со раце, а потоа со оклагија со дебелина од 3 мм.

Работ на кој ќе го завршите ролањето на тестото, развлечете го малку повеќе. По тој раб исечете го тестото на средина (не кон крајот) на помали резови со должина од неколку см, како што е прикажано на сликата.




Свиткајте го тестото во валјак од другата страна кон резовите и обликувате затворен круг како прстен, притоа двата рабови да се допираат еден со друг. Префрлете го тестото на плех со намастена тепсија или хартија за печење и оставете го да стасува уште половина час или повеќе, во зависност од температурата во кујната.

Пред печење премачкајте го тестото со изматена жолчка и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Сепак печењето повторно зависи и од јачината на рерната.

Кога ќе ја испечете погачата премачкајте ја со малку масло за дополнителен сјај. Покријте со салфетка и оставете малку да се излади. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.