Кaпината е повеќегодишна листопадна полугрмушеста билка и припаѓа на фамилијата рози – Rosaceае. Капината има бројни корисни ефекти врз организмот па затоа претставува едно од најпопуларните растенија во нашите региони.

Во медицински цели, од плодовите најчесто се прави вино кое е богато со витамини и минерали и е ефикасно при лекување на анемија бидејќи го зголемува нивото на железо во кр-вта. Капината го регулира кр-вниот притисок, ја забрзува циркулацијата, помага при дигестивни проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува апетитот и го забрзува метаболизмот.

Лисјата на капината се природен лек против дијареа, а од нив се прави чај кој помага кај кр-вавење во стомакот и цревно воспаление. Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, за подготовка на колачи, листот на капината може да се искористи за подготовка на чај.

Младите фиданки и листовите на капината во комбинација со коприва, јаглика и шумски јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на кр-вта. Комбинацијата од листови на капина со мед и прополис ги лекува проблемите со желудникот.

Капината е извонредно растение благодарение на моќните антиоксиданси кои ги содржи. Освен плодот, во народната медицина често се користат и листовите од капина за кои се верува дека помагаат при многу здравствени состојби.

Витамин Ц

Капините содржат високо ниво на витамин Ц. Една порција од 100 грама капини содржи 35% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Луѓето не се во состојба да синтетизираат сопствен витамин Ц, затоа е неопходно да се надокнади преку исхраната.

Витаминот Ц е вклучен во синтезата на протеините и е неопходен за телото да произведе колаген и одредени невротрансмитери. Овие процеси се од витално значење за многу телесни функции, вклучително и заздравување на ра-ните. Витаминот Ц, исто така, има антиоксидантни својства и го регулира функционирањето на имунолошкиот систем.

Антиоксиданти

Капините содржат високо ниво на антиоксиданти, како што се антоцијанини. Антиоксидансите им помагаат на луѓето да се борат против негативното влијание на слободните радикали во организмот. Слободните радикали можат да ги оштетат клетките и се смета дека се тесно вклучени во процесот на стареење вклучувајќи други здравствени состојби, како што се појава на рак и срцеви заболувања.

Витамин К

Капините се одличен извор на витамин К. Ова е неопходна хранлива материја за спречување на згрутчување на кр-вта, што е неопходно за правилно заздравување на раните.

Витамин А

Капините содржат и витамин А, кој има неколку функции во организмот. Витаминот А го зајакнува имунолошкиот систем, кој се бори против инфекции и болести. Исто така, го забрзува растот на коските и ги прави помалку кршливи.

Потребно е капините да ги вклучите секојдневно во исхраната. Најчесто луѓето ги консумираат за време на појадокот во комбинација со овошна каша, салата или овошен јогурт. Исто така може да ги изблендирате капините во комбинација со други овошја при подготовка на смути.

Капините се безбедни за консумирање и не предизвикуваат несакани ефекти, освен кај оние кои пројавуваат алергиска реакција од капини. Се препорачува да се консумираат свежи капини без додаток на шеќер.

Чај од листови од капина против болки во грлото и афти

Листовите од капина искористете ги за подготовка на чај кој ќе ви помогне при болки во грлото и во лекувањето на афти. Можете да го пиете или пак да го употребите за гаргарање доколку често ви се појавуваат афти.

Потребни состојки: 2 супени лажици сушени листови од капина, 250 мл зовриена вода.

Подготовка: Во зовриената вода додајте ги сувите листови од капина и оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете. Чајот се пие трипати на ден, пред секој главен оброк. Оставете го чајот да отстои десетина минути, па процедете го.

Мешавина со капини за прочистување на кр-вта

Потребни состојки: 100 г листови од капина, 100 г листови од коприва, 50 г листови од бозел, 50 г листови од глуварче, 1 лажица мед, неколку капки прополис, 250 мл вода.

Подготовка: Во сад измешајте ги претходно споменатите билки. Зовријте ја водата, а во неа додајте ги листовите од капина, коприва, бозел и глуварче. Оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа процедете, оставете го малку да се излади и додајте 1 кафена лажичка мед и неколку капки прополис. Пијте една чаша од овој напиток после оброк.

Природен сируп од капини за зајакнување на имунитетот

Потребни состојки: 2 кг капини, 600 мл вода, 1 кг шеќер, сок од 3 лимони.

Постапка: Изблендирајте ги капините. Во зовриена вода додајте го шеќерот и варете додека да добиете шербет. Шеќерен сируп прелијте го преку изблендираните капини, додајте го сокот од лимон и промешајте ги сите состојки. Оставете смесата да отстои 2 – 3 часа.

По изминатото време добиениот сируп сварете го до вриење, а потоа веднаш претурете во врели пастеризирани шишиња и добро затворете со капак. Шишињата чувајте ги на темно и суво место, превиткани во ќебе. Консумирајте секое утро по 1 супена лажица пред појадокот.

Вино од капини за анемија

Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи против исцрпеност, за регулирање на столицата, за регулирање на кр-вен притисок и циркулација.

Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи. Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.

Потребни состојки: 5 кг капини, 1,5 кг шеќер.

Постапка: Исчистени и измиени капини се редат во поголемо тенџере и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето. Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место.

Оставете го да отстои една седмица. Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа. Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска