Маж ми лудува по оваа пита – рецептот мора да го испробате: Пита со бело месо

Рецепт и видео презентација на Ивана од Шерпица – Пита со пилешко месо и моркови: „Мојот маж лудува по оваа пита! Овој рецепт мора да го испробате. Питата е многу вкусна а се приготвува од интересна комбинација од бело пилешко месо и моркови“, наведува Ивана.

крцкава пита со мелено пилешко месо
исечкајте го ситно кромидот
пржете го додека да се кристализира

Потребни состојки: 500 г кори за пита, 500 г бело месо, 500 г моркови, 2 главици кромид, сол, црн пипер, сув зеленчуков зачин, 150 мл масло. За прелив: 2 јајца, 1 лажица брашно, 50 мл масло, 400 г кисело млеко (може кисела павлака или јогурт), 100 мл млеко и 1 лажичка прашок за печиво

морковите изрендајте ги и запржете ги заедно со кромидот
додајте го меленото пилешко месо
пржете го неколку минути додека да омекне
внимавајте да не ви останат покрупни грутчиња

Постапка: Исчистете ги двете главици кромид и ситно исечкајте ги. Кромидот ставете го во голема тава, прелијте го со малку масло и ставете го на оган да се запржи додека да се карамелизира. Морковот измијте го и изрендајте го, па додајте го во пржениот кромид.

филот зачинете го по вкус и оставете го на страна малку да подизлади

Морковот пропржете го кратко додека да омекне, па додадете го белото месо кое претходно многу ситно сте го исечкале (а може и сомелено). Пржете со постојано мешање додека да се разбие убаво месото за да не останат грутчиња. Зачинете со лажичка црн пипер и две лажички сув зачин, по вкус.

за прелив: изматете две јајца
додајте 400 г кисело млеко
додајте 50 мл масло
додајте 100 мл млеко
додајте една полна супена лажица брашно
додајте една кафена лажичка прашок за печиво

Посолете по вкус и промешајте. Започнете да го приготвувате преливот: изматете две јајца со жица, па додајте 400 г кисело млеко или 300 г кисела павлака разматена со 100 мл млеко или 200 мл јогурт. Промешајте и додајте 50 мл масло за готвење и 100 мл млеко.

смесата добро измешајте ја

Во смесата додадете и една до врв полна лажица брашно. на крајот додадете една кафена лажичка прашок за печиво и добро изматете додека да се разбијат сите грутчиња. Густината на смесата треба да биде како онаа на јогурт (или смесата за палачинки).

намастете го плехот од рерна и ставете ја првата кора
нанесете малку прелив
ставете ја втората кора
нанесете малку прелив

Големиот плех од рерна намастете го со масло за готвење и веднаш ставете една кора преку целата површина. Кората прелијте ја со малку од приготвената смеса, премачкајте, па поклопете со нова кора. Повторно нанесете малку од преливот и рамномерно премачкајте.

ставете ја третата кора
врз третата кора распоредете фил со месо
ставете фил преку целата површина

Ставете ја третата кора, па врз неа рамномерно распоредете во тенок слој од приготвениот фил со пилешко месо и моркови. Врз овој фил повторно наредете три кори, секоја претходно прелиена со приготвениот прелив, освен третата преку која се нанесува филот од месо.

Ставете нови три кори, односно повторете ја постапката
кога ќе го потрошите материјалот преселете ја питата

Постапката повторувајте додека имате материјал, но најдобро е претходно да преброите колку кори имате, па приближно да го поделите филот за да можете подеднакво да го распоредите. Во преливот кој малку ќе ви остане додадете една лажица масло.

премачкјате ја одозгора со преостанатиот прелив
оставете да одмори 20-тина минути

Наредената пита исечете ја на коцки со големина по ваша желба, па прелијте ја со преостанатиот прелив. Оставете ја питата 20-тина минути за да омекнат корите и да го впијат преливот и соковите, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени.

ставете да се пече половина час во загреана рерна на 220 степени
откако малку ќе подизлади, сечете ја и послужете ја
питата е крцкава, сочна и многу вкусна

Ставете ја питата да се пече во добро загреаната рерна, а после половина час кога добро ќе зарумени извадете ја од рерната. Оставете малку да подизлади, па уште еднаш исечете ја и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ќе бидете изненадени од вкусот
уживајте!
Loading...